Моќен Артефакт

Пред многу години, светот знаел за моќен артефакт, кој, според легендите, би му дал неограничена моќ и среќа на својот сопственик. Најголемите N волшебници во тоа време, познавајќи ја моќта на артефактот решиле дека никој не треба да го користи предметот и сите му фрлиле по една магија со што се создала силна црна магија врз предметот.

Мала група на археолози од Македонија, предводени од Паско Кузман, го пронашле артефактот. За да ја тргнат црната магија од артефактот мора да контактираат дел од N-те волшебници од нашето време кои се наследници на волшебниците од тоа време. Секој од нив не само што има можност да ја тргне магијата од својот предок волшебник од тоа време, туку има можност да тргне и неколку други магии.

Знаеме дека доколку археолозите стапат во контакт со i-тиот волшебник тој ќе ја тргне својата магија и Mi магии од било кој од останатите волшебници. Ваша задача е да го пронајдете минималниот број на волшебници со кој треба да контактираат археолозите за да ја отстранат црната магија од артефактот.



Влез

Во првиот ред е запишан бројот на волшебници N (1 <= N <= 1000). Во секој од следните N редови е запишан бројот на црни магии Mi кои i-тиот волшебник може да ги отстрани од артефактот (волшебниците се подредени според моќноста на отстранување магии).



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите минималниот број на волшебници со кои треба да контактираат археолозите.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5
3
2
1
1
0
излез
2


 Submit your code