Адреса

Секој компјутер кој е поврзан на интернет има своја IP (интернет протокол) адреса. Во овој момент, повеќето компјутери работат на верзија 4 од интернет протоколот, каде секоја адреса може да се прикаже со 4 броеви помеѓу 0 и 255 одделени меѓусебно со точки. Неколку примери за IP адреси се: "0.18.0.90", "3.186.2.38", "254.186.29.147", "198.29.3.7", итн.

Мендо, кога го учел овој протокол, дошол до заклучок дека доколку од адресата се тргнат точките, бројот кој останува не може секогаш еднозначно да определи една адреса. Ваша задача е да му помогнете на Мендо да открие, за даден цел број, на колку начини може да се постават точките во бројот, така што добиениот резултат е валидна IP адреса.

Притоа, броевите A, B, C, D на секоја од четирите позиции во IP адресата "A.B.C.D" може да содржат вредности помеѓу 0 и 255, но не смеат да содржат број кој почнува со 0 а не е нула. На пример, "190.3.0.8" е валидна IP адреса, но "19.03.9.8" и "19.00.9.8" не се валидни IP адреси.



Влез

Во првиот ред е запишан еден цел број N (1111 <= N <= 2147483647). Првата (најзначајната) цифра од N ќе биде различна од 0.



Излез

На стандарден излез отпечатете на колку начини може да се постават точки во бројот N, така што добиениот резултат е валидна IP адреса.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
4342
излез
1


влез
1702328


излез
7


Објаснување за вториот тест пример: IP адресите се: "1.70.23.28", "1.70.232.8", "17.0.23.28", "17.0.232.8", "170.2.3.28", "170.2.32.8", "170.23.2.8"



 Submit your code