ТВ Одмор

После завршувањето на регионалниот натпревар еден од организаторите реши да земе 3 дневен одмор (од понеделник до среда) за да може да се одмори од напорниот викенд. Него најмногу го одмора гледањето на телевизија. Тој многу сака да гледа емисии кои ги има секој ден и почнуваат во исто време (вести, серии, итн), но не сака да гледа дел од една емисија - или ја гледа целата или воопшто ништо.

Тој во неделникот со ТВ водич ги означил емисиите кои сака да ги гледа (сите емисии ги има секој ден и почнуваат во исто време).

Ако ја имате дадената листа од избрани емисии и почетокот и крајот на секоја емисија (даден во 24-часовен формат), направете пресметка колку најмногу минути може Организаторот да потроши во гледање на телевизија во најдобро пополнетиот 24-часовен период од одморот.

Времињата на почеток и крај на секоја емисија ќе бидат дадени во македонскиот 24-часовен формат (00:32, 11:24, 17:45, 23:59). Доколку некое време на почеток на емисија е после времето за крај на емисија тоа значи дека таа емисија почнува во еден ден, а завршува во следниот ден во даденото време. Ако почетното и крајното време се еднакви – емисијата трае 24 часа.



Влез

Во првиот ред е запишан еден цел број N (0 <= N <= 50), кој го означува бројот на емисии. Во секој од следните N редови се запишани по 4 цели броеви Shh, Smm, Ehh, Emm (0 <= Shh, Ehh <= 23, 0 <= Smm, Emm <= 59) кои го означуваат времето на почеток и крај на i-тата емисија (во формат HH MM).



Излез

На стандарден излез отпечатете колку најмногу минути може Организаторот да потроши во гледање на телевизија во најдобро пополнетите 24-часа од овој тридневен период.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
09 00 12 05
14 00 19 10
21 00 01 00
излез
735


влез
4
13 15 23 35
08 00 16 13
15 12 00 06
14 00 14 01


излез
620


влез
1
23 50 00 10


излез
20


влез
1
00 15 00 15


излез
1440


Објаснување за вториот тест пример: Организаторот може да ја изгледа првата програма. Тој или гледа некоја емисија до крај или не ја гледа воопшто

Објаснување за последниот тест пример: Емисијата трае 24 часа.



 Submit your code