Трајко

Дадена е низа од знаци која се состои само од зборовите duplo, troduplo и minus. На почетокот, Трајко има еден денар. Низата се чита по ред и ако се прочита duplo во низата од знаци, бројот на денари што ги има Трајко во тој момент се множи со 2 (се зголемува двојно), а ако се појави troduplo се множи со 3. Ако се прочита minus од парите кои ги има Трајко во моментот се одзема 1 денар. Потоа се продолжува со читање на нареден збор од низата.

Напишете програма која ќе пресмета колку денари има Трајко по извршувањето на горенаведените операции.



Влез

Влезот се состои од еден ред во кој се наоѓа низа од знаци составена само од зборовите duplo, troduplo и minus. Низата не содржи повеќе од 250 знаци.



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да отпечатите колку денари има Трајко по извршувањето на горенаведените операции.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
TroDuPlotRoduPlodupLomInUsdUploMinusTroduplo
излез
99


 Submit your code