Плата

Владо е вработен во компанијата ФАНКИ. Како и сите вработени во компанијата кои се на неговата позиција, тој добива плата од N денари на час за првите 100 часови кои ќе ги одработи секој месец, и M денари на час за останатите часови.

Напишете програма која ќе пресмета колку часови треба да работи Владо за да заработи најмалку S денари овој месец? Парите му требаат за да си купи нов менувач за автомобилот.



Влез

Во првата линија се дадени три цели броја N (100 <= N <= 100000), М (100 <= M <= 100000), и S (1 <= S <= 72000000), каде N означува колку денари на час заработува Владо за првите 100 одработени часови, M означува колку денари на час заработува Владо за останатите одработени часови и S означува колку пари (во денари) треба да заработи Владо.



Излез

Излезот се состои од еден цел број – колку часови треба да одработи Владо овој месец за да заработи најмалку S денари.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
500 1000 70500
излез
121


влез
1000 500 70500


излез
71


Објаснување: Владо треба да работи 121 час (100 часа по 500 денари + 21 час по 1000 денари). 500*100 + 1000*21 = 71000 > 70500. На ФАНКИ, не се исплатува плата за парцијално одработени часови.

Забелешка: Поради чудните начини за пресметување и исплаќање на плата на ФАНКИ, M не е секогаш поголемо од N.

Внимание: Користете податочен тип кој има доволно голем опсег за да ги претстави влезните податоци (како longint во Паскал и int во C/C++).



 Submit your code