Игра

Иван и Владо работат во компанијата ФАНКИ. Секој ден, по завршување на работните обврски, тие играат најразлични игри. Интересно, во сите игри кои што ги играат важи дека потезите се прават наизменично и не може еден играч да одигра повеќе потези наеднаш.

Но, понекогаш, додека Владо не е присутен во канцеларијата (е зафатен со проекти или консултации), Иван одлучува да одигра повеќе потези и со тоа да си ги зголеми шансите за победа.

Напишете програма која од стандарден влез ќе прочита информации за тоа кој потег е одигран од кој играч, и на стандарден излез ќе го отпечати најголемиот број на потези кои што ги има направено Иван по ред. Владо секогаш игра чесно.



Влез

Во првата линија е запишан еден цел број N (2 ≤ N ≤ 200) – бројот на потези. Во следниот ред се запишани N цели броеви Pi (Pi=1 или Pi=2), каде Pi=1 означува дека i-тиот потег е одигран од Иван, додека Pi=2 означува дека i-тиот потег е одигран од страна на Владо.



Излез

Излезот се состои од најголемиот број на потези кои што ги има направено Иван по ред (бројот на елементи во најдолгата низа на единици).



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
9
1 2 1 2 1 2 1 1 1
излез
3


влез
9
1 1 2 1 2 1 2 1 2


излез
2


влез
5
2 1 1 2 1


излез
2


 Submit your code