Израз

Откако ги научил да собираат и одземаат броеви, сега Мендо ги учи малите мечиња да решаваат покомплицирани задачи (изрази кои сега содржат, дури и, загради).

Конкретно, Мендо им ја дал на мечињата следнава задача: "Даден ви е израз кој се состои само од мали загради, неколку знаци '?' и операторите + и -. Дополнително, дадени ви се онолку цифри колку што има знаци '?' во изразот. Поставете ги цифрите на местото на '?', така што ќе добиете максимална вредност за изразот.".

Помогнете му на Мендо, кој сега е премногу зафатен со организацијата на МОИ, и за даден израз R и листа од цифри L, пресметајте ја бараната максимална вредност. Така, Мендо ќе може да провери дали мечињата навистина ја решиле точно задачата.



Влез

Во првиот ред е запишан изразот R (составен од мали загради, неколку знаци '?' и операторите + и -). Должината на R нема да биде поголема од 250. Во вториот ред се запишани цифрите кои треба да се постават на местото на '?'.

Можете да претпоставите дека бројот на '?' во R ќе биде еднаков со бројот на цифри дадени во вториот ред од влезот, дека изразот R ќе биде добро формиран и ќе започнува со '?', дека после секоја отворена заграда '(' задолжително ќе следи '?', како и дека во R може да се содржат најмногу 7 последователни прашалници '?'.

Во тест случаи кои вредат најмалку 30% од поените, изразот R ќе содржи најмногу 10 '?' и нема да содржи загради.



Излез

На стандарден излез отпечатете ја бараната максималната вредност.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
?-??
220
излез
0


влез
?????-(?-(?+?))
33333333


излез
33336


Објаснување за првиот пример: 2-02=0
Објаснување за вториот пример: 33333-(3-(3+3)) = 33336



 Submit your code