Зборови

Бидејќи бил немирен на училиште, Јордан добил тешка домашна задача. Професорот Владо му кажал некаква вредност за секоја мала буква од англиската абецеда и му дал задача на Јордан да му одговори кој збор (од дадена листа на зборови) има најголема вредност. Вредност на збор се дефинира како збир од вредностите на секоја од буквите во зборот. На пример, доколку буквата "a" вреди 1, "j" – 2, "k" – 52, "u" – 2, "l" – 9, зборот "ajkula" би вредел 1+2+52+2+9+1=67 (вредностите за другите букви не се дадени бидејќи нив ги нема во зборот ajkula).

За да се осигури дека Јордан нема да ја реши задачата, Владо ја направил задачата уште потешка со тоа што некои делови од зборот ги напишал со големи букви. Секоја голема буква вреди 20 повеќе од соодветната мала буква. Значи ако "a" вреди 1, "A" ќе вреди 21.

Помогнете му на Јордан да ја реши задачата и да биде поголем фраер од професорот Владо. Напишете програма која од стандарден влез ќе ја прочита вредноста на секоја мала буква од абецедата и листа од N зборови (напишани со мали и големи букви) и на стандарден излез ќе го отпечати зборот со најголема вредност. Доколку има повеќе зборови со иста вредност, отпечатете го оној кој ќе се појави прв во влезните податоци.

Англиската абецеда ги содржи следниве букви: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z.



Влез

Секоја од првите 26 линии (толку букви има англиската абецеда) ќе содржи една мала буква од абецедата Bi ('a' ≤ Bi ≤ 'z') и еден број Vi (1 ≤ Vi ≤ 80), кој ја означува вредноста на таа буква. Секоја буква ќе се појави по еднаш во влезните податоци.

27-та линија ќе содржи еден цел број N (1 ≤ N ≤ 100), кој ќе го означува бројот на зборови. Секоја од следните N линии ќе содржи по еден збор (стринг, не подолг од 10 знаци), составен само од мали и големи букви од англиската абецеда.



Излез

На стандарден излез отпечатете го зборот со најголема вредност (како што е даден во влезните податоци – со истиот распоред на големи и мали букви). Доколку има повеќе зборови со иста вредност, отпечатете го оној кој ќе се појави прв во влезните податоци.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
e 1
q 4
m 3
g 6
n 8
h 2
i 8
t 1
x 3
o 9
l 9
d 4
j 2
u 9
f 4
w 8
z 9
v 8
y 5
b 8
a 7
p 5
r 5
s 6
c 6
k 4
4
Morkov
ZZW
UUI
kraDec
излез
ZZW


Објаснување: ZZW има вредност 86, UUI има вредност 86, Morkov има вредност 58, додека kraDec има вредност 47.



 Submit your code