Задачи

Секоја година, еден од најголемите проблеми на ЗИМ е пишувањето на интересни задачи за натпреварите по информатика. Членовите на комисијата за натпревари, за да можат да напишат што е можно повеќе задачи за што пократко време, работат по многу чудни и необични правила. Имено:

1. секој ден тие се групираат во групи од по тројца или по петорица
2. за еден ден, група од три члена пишува 5 задачи, додека група од пет члена пишува 9 задачи
3. членовите на комисијата кои нема да влезат во ниту една група не пишуваат задачи
4. членовите се групираат така што за еден ден се напишат што е можно повеќе задачи

Напишете програма која ќе пресмета за колку дена комисија составена од N членови ќе успеe да напишe барем K задачи.



Влез

Влезот се состои од еден ред во кој се запишани два цели броја N и K (3 <= N, К <= 1000).



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите бројот на денови кои и се потребни на комисијата да напише барем К задачи.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
7 19
излез
2


 Submit your code