Цифри

Во влезна датотека се запишани два цели позитивни броja N и K. Напишете програма која ќе го испечати најголемиот позитивен број кој може да се добие по исфрлање на К цифри од бројот N. Во сите тест примери, бројот N ќе содржи повеќе од K цифри.



Влез

Првиот и единствен ред ги содржи целите броеви N и К (1 <= N <= 2^60, 1 <= K <= 20).

Помош: За читање на бројот N може да користите низа од знаци (string), или некој тип на податок кој поддржува чување на 64-битни цели броеви, како int64 и qword во Pascal, или long long во C/C++.



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите најголемиот позитивен број кој може да се добие по исфрлање на К цифри од бројот N.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
12345 3
излез
45


влез
666435324321 5


излез
6665432


 Submit your code