Торта
Мињоните се малечки, интересни, сложни суштества со невидено гооолема интелигенција. Денес, по повод успешното крадење на месечината, тие прават забава (со торта). Но, мињони има многу, а од тортата може да се исечат многу помалку парчиња. Поради тоа, мињоните решиле да одиграат игра преку која ќе го намалат бројот на мињони кои треба да добијат парче торта.
Играта се одвива на следниот начин: секој мињон, на почетокот, си избира една цифра од 0 до 9. Потоа, сите кои учествуваат во играта се редат еден до друг, формирајќи ја на тој начин следната низа од цифри: 1 12 123 1234 12345 123456 1234567 12345678 123456789 12345678910 1234567891011, итн (празните места се поставени само заради подобро визуелно објаснување и истите не се бројат).
Потоа, се избира еден цел број N и се бара цифрата која ја избрал N-тиот мињон во формираната низа (броејќи од лево на десно, почнувајќи со 1). Парчињата торта ги добиваат сите мињони кои ја имаат истата цифра како N-тиот мињон.
Ваша задача е за даден цел број N, да ја најдете цифрата која ја избрал N-тиот мињон.
Влез
Во првиот ред e запишан еден цел број N (1 <= N <= 100000000), кој го означува редниот број на цифрата во низата.
Излез
На стандардниот излез отпечатете ја цифрата која ја избрал N-тиот мињон.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 10 | излез 4 |
влез 17 | излез 2 |
влез 26 | излез 5 |
Објаснување за вториот пример: 1121231234123451[2]3456123456712345678...