Подароци

Киро е еден од организаторите на Државен натпревар по информатика 2012. Како и сите останати волонтери кои помагаат во организацијата на натпреварот, и Киро има одредени задачи (обврски) кои треба да ги заврши. Конкретно, задача на Киро е да подготви кеси со подароци за N-те ментори кои присуствуваат на натпреварот - по една кеса за секој ментор. Подароците се всушност колачиња - за тоа имаат само пари организаторите на натпреварот.

Киро отишол во продавница за слатки, побарал одреден број на колачиња и ја замолил продавачката да му даде N кеси (колку што има ментори). Но, продавачката не ги пополнила сите кеси со еднаков број на колачиња: во првата кеса таа ставила K1 колачиња, во втората К2 колачиња, итн до N-тата кеса со Kn колачиња.

Сега, Киро треба да направи сите кеси да содржат еднаков број на колачиња. Напишете програма која ќе определи колку најмалку префрлања треба да направи Киро, за, на крајот, во сите кеси да има еднаков број на колачиња. За префрлање се смета преместување на едно колаче од една кеса во друга.



Влез

Во првиот ред е запишан еден цел број N (1 <= N <= 100), кој го означува бројот на ментори (и кеси). Во следниот ред се запишани N цели броеви Ki (1 <= Ki <= 100), кои го означуваат бројот на колачиња во секоја од N-те кеси.



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите потребниот минимален број на префрлања. Доколку не постои решение, тоа значи дека продавачката направила грешка во пополнувањето на кесите. Во тој случај, вашата програма треба да отпечати "GRESHKA" (со големи букви, без наводниците).



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
1 2 3
излез
1


влез
3
4 7 19


излез
9


влез
4
2 2 2 3


излез
GRESHKA


Објаснување за првиот тест пример: Треба да се префрли едно колаче од третата кеса во првата. На тој начин, во сите кеси ќе има по 2 колачиња.



 Submit your code