Порака

Еден истражувачки тим на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) работи на креирање на нов начин за испраќање на пораки помеѓу два оддалечени компјутера. Испраќањето на пораки се одвива на начин што едниот компјутер (иницијаторот на комуникацијата) ја испраќа соодветната порака P до вториот компјутер, а потоа, вториот компјутер испраќа, како потврда за успешното примање на пораката, еден цел број назад до првиот компјутер. Целиот број кој што го испраќа вториот компјутер е всушност минималниот број на знаци кои треба да се променат во почетната порака, за таа да биде периодична со период K (К е цел број кој е однапред познат и тој е дел од алгоритамот за комуникација).

За една порака со должина N велиме дека е периодична со период K (К е делител на N), ако за сите i помеѓу 1 и N-K, i-тиот знак од пораката е еднаков со (i+K)-тиот знак од пораката. Првиот знак од пораката има индекс 1. На пример, пораките "ABCABC", "AAAAAA" и "BEBBEB" се периодични пораки со период 3 ("AAAAAA" е периодична и со период 1 и со период 2), додека пораката "ABABAB" е периодична со период 2.

Ако е дадена почетната порака P, нејзината големина N и бројот К, напишете програма која ќе го отпечати минималниот број на знаци кои треба да се променат во P, за таа да биде периодична со период K.



Влез

Во првиот ред се запишани два цели броја: N (4 <= N <= 200) и K (2 <= K < N), каде N ја означува должината на пораката, додека K го означува периодот на повторување. Во сите тест случаи, К ќе биде делител на N. Во вториот ред е запишана пораката P која се испраќа од првиот компјутер - составена од точно N знаци (големи латинични букви 'A'-'Z').



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите бараниот минимален број на промени.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
6 3
ABCDEF
излез
3


влез
6 2
AAAAAA


излез
0


влез
10 2
ABCAABABAB


излез
2


Објаснување за првиот пример: Може да се промени 4-тиот знак (ABC[D]EF) во 'A', петтиот знак (ABCA[E]F) во 'B', и шестиот знак (ABCAB[F]) во 'C'. На тој начин, со точно 3 променети знаци во почетната порака, сме добиле периодична порака "ABCABC" со период 3.

Објаснување за третиот пример: AB[C][A]ABABAB во ABABABABAB.



 Submit your code