Уписи

Секоја година, бројот на запишани студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) се зголемува. Оваа година, со цел олеснување на постапката за запишување на нови студенти, факултетот одлучил однапред да ангажира определен број на луѓе кои ќе бидат одговорни за организирање на целата постапка.

Конкретно, факултетот однапред знае (од искуство и од разни спроведени анализи) колку кандидати ќе конкурираат за запишување на ФИНКИ и во кој период од денот (на пример, еден во 10:15 часот, друг во 10:17 часот, итн.) секој од нив ќе дојде да поднесе документи. Исто така, факултетот знае дека вработените на ФИНКИ се толку ефикасни што на еден вработен му треба најмногу 1 минута за да внесе податоци за еден кандидат.

Помогнете му на факултетот да пресмета колку најмалку вработени треба да бидат одговорни за примањето на документи, доколку сакаме постапката да тече без никаков застој: кога ќе дојде еден кандидат, веднаш да има вработен кој може да му ги прими документите.



Влез

Во првата линија е запишан бројот на кандидати N (1 ≤ N ≤ 30000). Во секоја од следните N линии се запишани по два цели броја Hi (9 ≤ Hi ≤ 16) и Mi (0 ≤ Mi ≤ 59), кои означуваат дека i-тиот кандидат ќе дојде да поднесе документи точно во Hi часот и Mi минути. Најпрвин е дадено времето на поднесување на документи на кандидатот кој ќе дојде прв, па на оној кој ќе дојде втор, итн. Сите кандидати поднесуваат документи во ист ден.



Излез

Да се отпечати бараниот минимален број на вработени.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5
09 15
09 18
10 17
10 20
10 20
излез
2


влез
3
10 10
10 19
13 00


излез
1


Објаснување за првиот пример: потребни се најмалку двајца вработени. Во спротивно, доколку на пример има само еден вработен, кога во 10 часот и 20 минути ќе влезат двајца кандидати, едниот од нив ќе мора да чека додека му се проверуваат документите на другиот.



 Submit your code