Испит

Руди е еден од најчудните професори на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Оваа година, за време на испитот по предметот Алгоритми, студентот Дејан забележал дека професорот Руди се шета низ просторијата во која се спроведува испитот на доста интересен начин.



Имено, Руди тргнува од долниот лев агол на просторијата (како што е прикажано на сликата), и се движи правејќи поместувања во насока на движење на стрелките на часовникот - се додека не го измине секое квадратче од просторијата по точно еднаш.

Бидејќи Дејан баш и не бил спремен за испитот по Алгоритми (не решил доволно задачи на системот МЕНДО), тој одлучил да си го арчи времето така што ќе брои колку пати професорот Руди ќе ја промени својата насока на движење при шетањето низ просторијата. Сте решиле ли вие доволно задачи на МЕНДО за да можете да напишете програма која ќе го пресметува податокот што Дејан планира да го брои рачно?

За примерот даден погоре (види слика), промените на насока се означени со црвено крукче (има вкупно 7 такви промени).



Влез

Во првата и единствена линија се запишани два цели броја W и L (2 ≤ W, L ≤ 300), кои ја означуваат ширината и должината на просторијата (изразени во број на квадратчиња), соодветно.



Излез

Да се отпечати колку пати Руди ќе ја промени својата насока на движење.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
4 5
излез
7


влез
3 5


излез
5


Објаснување за првиот пример: види слика.



 Submit your code