Инженер

Мендо е исклучително горделиво мече, па не му е сеедно кога некој ќе каже дека системот за натпревари не чини бидејќи не бил достапен одредено време. Кога дознал дека проблемите со системот се предизвикани од несериозниот и крајно неисполнителен систем инженер Кибид (кој е одговорен за одржување на мрежата на УКИМ - чиј дел е и системот за натпревари), Мендо решил да му "објасни" неколку работи.

Помогнете му на Мендо да пресмета дали има шанси да го фати (при трчање) неспособниот инженер, имајќи предвид дека Мендо може да трча со константна брзина од X метри/минута, додека Кибид може да трча со константна брзина од Y метри/минута. Мендо трча точно по истата патека по која пред него трча Кибид. Кибид има предност од N метри во моментот кога двајцата почнуваат да трчаат. Притоа, Мендо нема потреба од одмарање, додека Кибид мора да прави одмори од по 10 минути на секои 30 минути трчање (неактивноста и седењето по кафеани си оставиле свој печат).

Во оваа задача, ќе сметаме дека Мендо го има фатено Кибид доколку двајцата, во одреден момент, се наоѓаат точно на истата локација.



Влез

Во првата и единствена линија се запишани три цели броја X, Y (1 ≤ X, Y ≤ 500) и N (1 ≤ N ≤ 50000), кои ја означуваат брзината (изразена во метри/минута) на Мендо (X), брзината на Кибид (Y), како и предноста N (изразена во метри) која Кибид ја има во однос на Мендо во моментот кога двајцата почнуваат да трчаат.



Излез

Да се отпечати "DA" (со големи букви, без наводниците) доколку Мендо може да го фати Кибид, или "NE" доколку не може.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5 4 10
излез
DA


влез
15 50 7


излез
NE


Објаснување за првиот пример: Мендо ќе го фати Кибид за 10 минути. Кибид има предност од 10 метри, но Мендо трча со брзина од 5 метри/минута, додека Кибид трча со брзина од 4 метри/минута.



 Submit your code