Компјутери
Една од најтешките работи при организација на кој било натпревар по информатика е подготвувањето на компјутерите со соодветни алатки за натпреварувачите. Притоа, потребно е на секој компјутер да се инсталира истиот оперативен систем, со исти верзии на алатките, исти нагодувања, итн.
Ваша задача е да им помогнете на Стефан и Кибид да пресметаат за колку најмалку време можат да се подготват точно N компјутери за следниот натпревар по информатика (МОИ 2013), имајќи предвид дека тие веќе имаат подготвено S компјутери за натпреварот, и во 1 час можат да извршат која било од следниве 3 операции:
1) доколку веќе имаат подготвено X компјутери, еден од нив може да седне и да подготви уште еден компјутер. Со тоа, по еден час работа, тие би имале подготвено вкупно X+1 компјутери.
2) доколку веќе имаат подготвено X компјутери, двајцата можат да седнат, да ги загреат столчињата, и да подготват два нови компјутери. Со тоа, по еден час работа, тие би имале подготвено вкупно X+2 компјутери.
3) доколку веќе имаат подготвено X компјутери, можат да поврзат уште X нови компјутери во мрежата и да ја ископираат содржината од постојните X компјутери на новите X компјутери. Со тоа, по еден час работа, тие би имале подготвено X+X=2*X компјутери. Од мрежно-хардверски причини не е дозволено копирање на само одреден дел од X-те постојни компјутери.
Влез
Во првата и единствена линија се запишани два цели броја S и N (1 ≤ S < N ≤ 1015), кои го означуваат почетниот и целниот број на компјутери, соодветно. Забелешка: Во тест случаи кои вредат најмалку 30% од поените, ќе важи 1 ≤ S < N ≤ 1000000.
Излез
Да се отпечати бараниот минимален број на операции.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 1 7 | излез 3 |
влез 2 3 | излез 1 |
влез 37 821391 | излез 27 |
Објаснување за првиот пример: На почеток имаме 1 компјутер, а треба да имаме 7. Едно можно решение е да ја искористиме операцијата 2 три пати едноподруго: 1 -> 3 -> 5 -> 7.