Фотографија

Минатиот понеделник, Игор, еден од најдобрите студенти на ФИНКИ, успешно го одбрани својот магистерски труд пред комисија составена од тројца професори од факултетот. Како и се друго што се случува на ФИНКИ, ниту овој настан не помина без интересни моменти. Имено, тројцата членови на комисијата, наместо веднаш да соопштат дека Игор, како еден од најдобрите студенти, успешно го одбранил својот магистерски труд, тие излегле од просторијата и, навидум дискутирале што оценка треба да добие кандидатот скоро половина час.

Сепак, наместо да разговараат за магистерскиот труд подолго време, тие всушност веднаш се сложиле дека Игор треба да ја добие најдобрата можна оценка за трудот, а го искористиле остатокот од времето за да најдат начин како најдобро да ги распоредат гостите во просторијата за да се направи што е можно подобра фотографија од настанот.

Имено, пред професорите да излезат од просторијата, гостите на настанот биле наредени (седеле) во два реда клупи. Ова не им се допаѓало на членовите на комисијата, па тие решиле дека е најдобро да преместат дел од гостите (можеби сите) од предниот ред во просторијата, и да ги сместат во слободните столчиња кои се наоѓаат во задниот ред, на тој начин што во задниот ред од просторијата ќе има најмал можен број "лошо седнати гости". За еден гостин велиме дека е лошо седнат доколку тој седи или до двајца гости кои се стриктно повисоки од него, или до двајца гости кои се стриктно пониски од него. Доколку има повеќе гости кои седат во предниот ред отколку што има слободни столчиња во задниот ред од просторијата, професорите ќе преместат таму само онолку гости за колку што има место.

На пример, нека во задниот ред од просторијата, распоредот на седење изгледал вака:

        181 183 0 185 0 0

и нека, од предниот ред треба да се преместат тројца гости со висина 182, 183 и 184 на слободните места означени со 0. Тогаш, постојат шест начини на кои може да се распоредат гостите:

181 183 182 185 183 184 (4 лошо поставени гости)
181 183 182 185 184 183 (3 лошо поставени гости)
181 183 183 185 182 184 (2 лошо поставени гости)
181 183 183 185 184 182 (1 лошо поставен гостин)
181 183 184 185 182 183 (2 лошо поставени гости)
181 183 184 185 183 182 (1 лошо поставен гостин)

Од сите можни распореди, најдобри се оние со 1 лошо поставен гостин. Забележете дека не е дозволено преместување на гостите кои веќе седат во задниот ред.

Членовите на комисијата, како одлични програмери, успеале да напишат сложен алгоритам кој може да ги распореди гостите во просторијата за помалку од 1 секунда. Можете ли и вие да го направите истото?



Влез

Во првиот ред е запишан еден цел број N (3 ≤ N ≤ 100), кој означува колку столчиња има во задниот ред од просторијата. Во вториот ред се запишани N цели броеви Vi (Vi=0 или 180 ≤ Vi ≤ 190), кои го означуваат распоредот на седење на гостите во задниот ред од просторијата (од лево на десно). Притоа, Vi=0 доколку столчето кое се наоѓа на позиција i е празно. Во спротивно, Vi ја означува висината на гостинот кој седи на столчето кое се наоѓа на позиција i.

Во третиот ред е запишан еден цел број M (1 ≤ M ≤ 15), кој означува колку лица седеле во предниот ред од просторијата. Во следниот ред се запишани M цели броеви Pi (180 ≤ Pi ≤ 190), кои ја означуваат висината на гостите кои седеле во предниот ред. Притоа, секогаш ќе има доволно гости за да се пополнат сите слободни столчиња од задниот ред на просторијата.



Излез

Отпечатете го распоредот кој има најмал можен број на лошо седнати гости. Доколку постојат повеќе такви решенија, отпечатете го лексикографски најмалиот распоред. За една низа од броеви велиме дека е лексикографски помала од друга доколку првиот број во кој се разликуваат двете низи е помал во првата низа.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
6
181 183 0 185 0 0
3
182 184 183
излез
181 183 183 185 184 182


влез
5
185 185 0 0 0
6
181 185 183 182 184 181


излез
185 185 181 181 182


 Submit your code