Потоци
Дигитален поток претставува секвенца од броеви во која бројот кој што следува по n се добива од n со додавање на збирот на неговите цифри. На пример, следбеник на 15 е 21, бидејќи 1+5 = 6 и 21 = 15 + 6.
Ако првиот број од даден дигитален поток е k, тогаш истиот се нарекува поток k. На пример, поток 15 е секвенцата {15, 21, 24, 30, 33, …}, додека поток 10 е секвенцата {10, 11, 13, 17, 25, ...}.
Нормалните потоци може некогаш да се сретнат со влевање на едниот во другиот. Истото важи и за дигиталните потоци. Ова "сретнување" се случува кога два дигитални потока содржат некои исти броеви. На пример, поток 480 се сретнува со поток 483 во бројот 519 и со поток 507 во бројот 507, но никогаш не се сретнува со поток 481.
Секој дигитален поток мора некогаш да се сретне со некој од потоците: поток 1, поток 3 или поток 9. Напишете програма која за даден цел број N, ќе го пронајде бројот во којшто поток N за првпат ќе се сретне со некој од овие три потоци (решението ќе биде еднозначно определено).
Влез
Во првиот и единствен ред е даден еден цел број N (1 <= N <= 16385), кој го означува бројот на потокот.
Излез
На излез се печатат два цели броја R и М, каде R е бројот на потокот со која ќе се сретне внесениот поток (1, 3 или 9), а М е првиот (најмалиот) број во кој се среќава истиот.
Ограничувања
Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes
Примери
влез 86 | излез 1 101 |