Слика

ЗИМ 25 години по ред ги организира натпреварите по информатика. За нивна организација, членовите на ЗИМ, а особено членовите на комисиите за натпревари, неуморно бесплатно работат, додека Претседателот на ЗИМ се обидува да обезбеди спонзорства од разни организации за да се покријат трошоците за натпреварите (сервер, веб страна, домен, спроведување на натпревар, ручек за учесниците, печатење на дипломи и пофалници, награди за натпреварувачите, патни трошоци за бензин и сместување на комисијата, покривање на патни трошоци за патување на меѓународните натпревари и ред други работи).

Оваа година, покрај овие обврски, ЗИМ треба да се акредитира за спроведување на државни натпревари. (Акредитацијата се однесува на ниво на Република Македонија. Инаку, ЗИМ има одамна акредитација за учество на балканските и меѓународните олимпијади и стекнат голем кредибилитет во тие организации, па со тоа и право за одредување на тимот за учество на натпреварите).

Членовите на комисијата за натпревари одлучија дека ако не се акредитира ЗИМ, ќе почнат да се занимаваат со изработка на слики (како хоби), наместо да го трошат времето на подготовка на натпреварите.

Првиот обид на еден од нив да нацрта телевизор изгледа вака:

1 1 1 1 1 1 1 1 1 1 2 2 2 2 2 2 2 1 1 2 2 2 2 2 2 2 1 1 2 2 2 2 2 2 2 1 1 1 1 1 1 1 1 1 3

каде со единици е претставена рамката на телевизорот, со двојки екранот, а со тројка долниот десен агол (копчето за вклучување).

По цртањето на сликата, тој смислил задача: За дадени бројчиња на влез кои опишуваат точно ваква слика (но можеби со различни димензии на ширината/висината на телевизорот), утврдете ги димензиите - со колку редови и колку колони е "нацртана" сликата.



Влез

Низа од броеви кои опишуваат слика од горниот тип, дадени по редослед (ред по ред). Низата завршува со бројот 3 (долниот десен агол). Сликата ќе биде опишана со најмногу 500 броеви.

"Рамката на телевизорот" е секогаш претставена со точно еден ред од единици/тројка околу двојките. На влез ќе биде дадена валидна слика, во која ќе има најмалку една 2ка, и точно една 3ка - која ќе се наоѓа на крај (во долниот десен агол).



Излез

Два броја одделени со едно празно место – висината и ширината на сликата.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
1 1 1 1 1 1 1 1 1
1 2 2 2 2 2 2 2 1
1 2 2 2 2 2 2 2 1
1 2 2 2 2 2 2 2 1
1 1 1 1 1 1 1 1 3
излез
5 9


влез
1 1 1
1 2 1
1 1 3


излез
3 3


 Submit your code