Распоред

Секоја година, пред почетокот на Државниот натпревар по информатика, еден од организаторите на натпреварот е одговорен да направи распоред за лабораториите. Во секоја лабораторија, компјутерите на кои ќе работат учениците се наредени еден до друг, во една долга редица.

Оваа година, задолжен за организација на распоредот е Емил. Тој се сетил дека може да го искористи минатогодишниот распоред.

Но, оваа година има нови правила:

    - не смее два ученика да се еден до друг, доколку тие се од иста натпреварувачка група (и двајцата од почетничка, од основна или од напредна). За два ученика се вели дека се сместени еден до друг, доколку не постои ученик кој е сместен помеѓу нив двајца.
    - за полесна комуникација и одговарање на прашања поврзани со задачите, во секоја лабораторија може да се сместат ученици од најмногу 2 различни натпреварувачки групи.

Ваша задача е да напишете програма која за даден распоред на ученици во една лабораторија (од минатата година), ќе пресмета и отпечати колку најмалку ученици Емил треба да отстрани од таа лабораторија пред почетокот на натпреварот, така што распоредот ќе ги задоволува горенаведените барања (ќе има ученици од најмногу 2 натпреварувачки групи и нема да постојат ученици од иста група кои се сместени еден до друг). Притоа, не е дозволено разместување на ученици што ќе останат во самата лабораторија.



Влез

Во првата линија е запишан еден цел број N (1 <= N <= 1000), кој го означува бројот на ученици во дадена лабораторија - според минатогодишниот распоред. Во втората линија се запишани N цели броеви Gi (1 <= Gi <= 3), кои означуваат во која натпреварувачка група (1-почетничка, 2-основна, 3-напредна) се натпреварува секој од N-те ученици - дадени од лево на десно, како што се сместени натпреварувачите во лабораторијата.



Излез

Отпечатете го бараниот минимален број на ученици кои треба да се отстранат од лабораторијата. Не е дозволено преместување на ученици во самата лабораторија (поради други ограничувања, како училиште, инсталирани софтверски алатки, итн).



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
11
1 2 3 1 3 2 1 3 1 2 1
излез
4


влез
4
1 1 2 2


излез
2


Објаснување за првиот пример: По отстранување на натпреварувачите од напредна група (Gi=3), се добива следниот распоред: 1 2 1 2 1 1 2 1. Бидејќи не е дозволено два ученика од иста група да седат еден до друг, потребно е и да се отстрани еден од двата натпреварувачи од почетничка група (Gi=1) кои седат еден до друг. Конечниот распоред е: 1 2 1 2 1 2 1. Од лабораторијата се преместени вкупно 4 натпреварувачи (три од напредна група и еден од почетничка група).



 Submit your code