ДДВ

Како што добро знаете, во Македонија на скоро сите производи се плаќа данок на додадена вредност (ДДВ) од 18%, кој се пресметува над основната цена. Постои само мала листа од одредени производи за кои се плаќа помал данок кој изнесува 5%.

Напишете програма која од стандарден влез ќе прочита име и основна цена на еден производ, како и соодветна листа на производи за кои се плаќа помал данок, и на стандарден излез ќе ја отпечати вкупната цена на тој производ (со додаден ДДВ).



Влез

Во првиот ред е дадено името на производот за кој треба да ја пресметаме вкупната цена и основната цена C на тој производ (C е позитивен цел број, 1 <= C <= 1000). Во вториот ред е даден еден цел број N (1 <= N <= 50), кој го означува бројот на производи за кои се плаќа данок од само 5%. Во следните N редови се дадени имињата на производите за кои се плаќа 5% данок.

Имињата на производите ќе бидат составени само од малите букви на латиничната азбука (без празни места), и нема да содржат повеќе од 50 букви.



Излез

На стандарден излез отпечатете ја вкупната цена на производот (заокружена на 5 децимали).



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
mleko 50
3
leb
meso
mleko
излез
52.50000


 Submit your code