Производ

Неодамна, сопствениците на компанијата „МЕНДО_ЕУ“ одлучиле да дадат голем попуст на своите производи. Меѓутоа, условот е сите производи на компанијата да се рекламираат во форма "КУПИ М ДОБИЈ N ГРАТИС", каде M и N се цели позитивни броеви. На пример, наместо да се рекламира дека некој производ се продава по намалена цена од 2 евра, кога нормалната цена му е 3 евра, сопствениците сакаат производот да се рекламира како "КУПИ 2 ДОБИЈ 1 ГРАТИС".

Напишете програма која од стандарден влез ќе ја прочита нормалната цена на производот (во евра, со 2 децимали за центи) и намалената цена на производот (во евра, со 2 децимали за центи), па на стандарден излез ќе ја отпечати новата реклама во облик "KUPI M DOBIJ N GRATIS", каде M и N се цели позитивни броеви. М и N, исто така, треба да бидат што помали (на пример, наместо да се отпечати "KUPI 4 DOBIJ 2 GRATIS", треба да се отпечати "KUPI 2 DOBIJ 1 GRATIS").



Влез

Во првиот ред е дадена нормалната цена на производот (во евра, со две децимали за центи). Во вториот ред е дадена намалената цена (цената по која се продава) производот, исто така со 2 децимали. Цените ќе бидат реални броеви помеѓу 0.01 и 10000.00.



Излез

На стандарден излез отпечатете ја рекламата за производот.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
6.00
4.00
излез
KUPI 2 DOBIJ 1 GRATIS


влез
100.00
0.50


излез
KUPI 1 DOBIJ 199 GRATIS


 Submit your code