Острови

Мендо на подарок од својот татко добил мапа – играчка, на која се претставени острови обиколени со вода. Мапата претставува дводимензионална мрежа каде во секоја клетка има знакче 'x' (што означува копно) или '.' (што означува вода). Остров, на мапата, се дефинира како поврзаност клетки со копно (со 'x' знакчиња), каде две 'x' знакчиња се поврзани доколку тие се соседни по хоризонтала, вертикала или дијагонала.

За еден остров се вели дека е од ниво 0, доколку не постојат острови кои тој остров комплетно ги заградува. За остров се вели дека е од ниво K+1 доколку тој комплетно заградува еден или повеќе острови и највисокото ниво на еден од заградените острови е K.

Островот A комплетно го заградува остров B доколку A и B се различни и, доколку започнувајќи со пловење од било која точка на островот B, нема да можете да испловите надвор од островот А. Може да се плови по клетките кои имаат вода, и може да се префрламе од една на друга клетка со вода само хоризонтално и вертикално, а не и дијагонално.

На пример, на следнава мапа имаме 5 острови од ниво 0 (островите 0,1,2,3,4), и еден остров од ниво 1 (островот 5). Забележете дека, доколку започнеме со пловење од островот 3, не можеме да испловиме надвор од островот 5 (не може да се плови дијагонално), но започнувајќи од островот 4 можно е да испловиме "надвор".

     xxx.x...xxxxx        000.0...11111
     xxxx....x...x        0000....1...1
     ........x.x.x        ........1.4.1
     ..xxxxx.x...x        ..55555.1...1
     ..x...x.xxx.x        ..5...5.111.1
     ..x.x.x...x..        ..5.3.5...1..
     ..x...x...xxx        ..5...5...111
     ...xxxxxx....        ...555555....
     x............        2............


Напишете програма која, од стандарден влез, ќе го прочита изгледот на мапата, и на стандарден излез ќе отпечати колку острови од секое ниво се наоѓаат на мапата.



Влез

Во првиот ред се дадени два цели броја N и M (1 <= N, M <= 50). Во секој од следните N редови се наоѓаат по M знаци ('.' или 'x'), кои го опишуваат изгледот на мапата.



Излез

На стандарден излез (по еден во секој ред), отпечатете по колку острови од секое ниво има на мапата (почнувајќи со бројот на острови од ниво 0, па бројот на острови од ниво 1, итн...). На излезот мора да се отпечатат точно (Lmax+1) цели броеви, каде Lmax го означува највисокото ниво кое се појавува на мапата.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5 5
xxxxx
x...x
x.x.x
x...x
xxxxx
излез
1
1


Објаснување: На мапата има 1 остров од ниво 0 (првиот број на излез), и еден остров од ниво 1 (вториот број на излез).



 Submit your code