Бакшиш

Марио е на одмор во странство и отишол да вечера во некој од локалните ресторани. Во секоја држава обичајот на оставање бакшиш е различен. На брошурата која ја добил од туристичката агенција пишува дека бакшиш се остава на следниот начин:

- Вкупната сума на пари што се остава треба да е делива со 5 (износ на сметка +бакшиш=вкупна сума).
- Бакшишот треба е помеѓу 5% и 10% (вклучително) од вкупната сума која се остава.

Јасно е дека некогаш има повеќе точни суми кои ги задоволуваат правилата, а можно е да нема ни една. Марио сака да го знае точниот број на вакви суми. Тој е одличен програмер и може сам да го реши проблемот, но бидејќи е на одмор ваша задача е да му помогнете.



Влез

Во првиот ред се запишани износот на сметката X и сумата на пари во паричникот на Марио Y одвоени со празно место(1 <= X,Y <= 2 000 000 000, X <= Y).



Излез

Бројот на суми кои ги задоволуваат правилата на бакшиш и кои Марио може да ги остави.



Ограничувања

Временско ограничување: 100 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
4 100
излез
0


влез
23 100


излез
1


влез
23 24


излез
0


Објаснување за првиот тест пример: Марио треба да плати 4 денари, но 4 не е делив со 5. Може да остави 5, но тогаш бакшишот ќе биде повеќе од 10% од сумата која Марио ја остава (1/5=20%).
Објаснување за вториот тест пример: Единствен точен начин е Марио да остави сума 25 со што остава бакшиш 2. Бакшишот е 8% од сумата која ја остава.
Објаснување за третиот тест пример: Марио има доволно пари за да ја плати сметката, но нема доволно за да ги задоволи условите за бакшиш.



 Submit your code