Пуфи и Стојче

Најверната другарка на Стојче е Пуфи. Таа обожува да носи шнолки во својата коса и секогаш доаѓа на училиште со шнолки во најмногу 3 бои (жолта, црвена и сина).

Стојче сака секогаш бројот на шнолки кои ги има Пуфи во косата да е делив со 3. Затоа тој секогаш си носи бели шнолки и и дотура на Пуфи за да го направи вкупниот број ја шнолки делив со 3.

Бидејќи Стојче мора да има шнолки и за наредните денови, ако знаете по колку шнолки има Пуфи од секоја боја, пресметајте му на Стојче колку најмалку шнолки треба да дотури за да постигне вкупен број делив со 3.



Влез

Во првиот ред се запишани 3 броја (0<=X, Y, Z <100) одделени со празно место. Тие ги претставуваат бројот на шнолки кои се во косата на Пуфи, соодветно жолти, црвени и сини.



Излез

Се печати еден број, бројот на шнолки кои треба да ги дотури Стојче.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
2 3 5
излез
2


влез
0 2 0


излез
1


влез
7 7 7


излез
0


Објаснување за првиот тест пример: Пуфи има вкупно 10 шнолки. Ако Стојче и дотури 2, тогаш ќе има точно 12, што е деливо со 3.



 Submit your code