Аеродром

Дарко решил да оди на зимување во Москва, па си резервирал карта. Резервацијата се состоела од два лета: Скопје-Виена и Виена-Москва. На аеродромот во Виена има голем дигитален часовник, кој го покажува времето во облик XX:YY. Бидејќи многу сака палиндроми, додека го чекал летот Дарко броел колку пати бројот што се појавувал на часовникот е палиндром. Ако ги знаете времето на пристигнување на летот Скопје-Виена и времето на поаѓање на летот Виена-Москва, пресметајте колку палиндроми изброил Дарко.



Забелешка: Палиндром е број кој се чита исто од лево кон десно и од десно кон лево. На пример, палиндроми се 21:12 и 10:01, но 10:10 не е палиндром.



Влез

Во првиот ред се запишани 2 цели броја, кои ги означуваат часот и минутата на пристигнување на летот Скопје-Виена. Во вториот ред исто така се запишани 2 броја, кои ги означуваат часот и минутата на поаѓање на летот Виена-Москва. Да забележиме дека летот Виена-Москва може да биде следниот ден, но помалку од 24 часа по пристигнувањето на летот Скопје-Виена.
Часовите се дадени во форма како што се среќава кај дигитален часовник (од 0 до 23), а минутите од 0 до 59.



Излез

Единствената линија од излезот треба да го даде бројот на палиндроми кои ги изброил Дарко.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
10 25
12 50
излез
2


влез
23 50
02 30


излез
3


 Submit your code