Пакување подароци

Миле на многу луѓе им дава подароци. За да не оди секој пат да купи подарок кога сака некому да даде подарок, тој купува повеќе подароци, па кога некој ќе биде добар - му дава некој од подароците.

Миле сака да и даде подарок на Биле и сака подарокот да го спакува во кутија. Тој на располагање има N подароци и M кутии. Секој подарок има своја тежина, а секоја кутија има свој капацитет. За да може Миле да стави еден подарок во една кутија, мора тежината на подарокот да биде помала или еднаква на капацитетот на кутијата.

За Биле, Миле ќе го одбере оној пар од подарок и кутија, за кој што ќе има најмала разлика помеѓу тежината на подарокот и капацитетот на кутијата. Ако има повеќе такви, Миле го одбира оној пар, каде што тежината на подарокот е најголема. Испечатете ја тежината на подарокот што ќе го одбере Миле за Биле.



Влез

Во првиот ред се наоѓа еден број N ( 1<= N <= 100 000 ), кој го претставува бројот на подароци кои ги имал Миле. Во втората линија се запишани N цели броеви Xi (1 ≤ Xi ≤ 100 000), кои ја означуваат тежината на секој од подароците.
Во третиот ред се наоѓа еден број М ( 1<= М <= 100 000 ), кој го претставува бројот на кутии кои ги поседувал Миле. Во четвртата линија се запишани М цели броеви Yi (1 ≤ Yi ≤ 100 000), кои го означуваат капацитетот на секоја од кутиите. Забелешка: За барем 60% од поените ќе важи дека 1<= N, M <= 1000.



Излез

Да се отпечати тежината на подарокот што го одбрал Миле. Ако Миле не одбрал подарок, да се испечати “-1”.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
2 7 30
4
6 10 18 52
излез
7


влез
4
23 2 3 4
3
1 10 29


излез
23


влез
3
10 11 12
2
6 3


излез
-1


Објаснување за вториот тест пример: Миле може да го одбере подарокот со тежина 4 и кутијата со капацитет 10, но тој го одбира подарокот со тежина 23 и кутијата со капацитет 29. Иако двата пара имаат иста разлика, Миле го одбира вториот пар, затоа што подарокот во вториот пар е потежок.

Објаснување за третиот тест пример: Ниеден подарок не може да се стави во некоја од кутиите.



 Submit your code