Полица

Јане имал N книги, секоја од нив со различен број на страни, кои му биле подредени на една полица. На роденденот на Јане дошол Перо програмерот и наместо со другите присутни на журката, решил да си игра со редоследот на книгите.

Тој К пати по ред избирал по 2 книги и меѓусебно им ги заменувал местата. При првата замена, Перо ги избрал книгата со најголем број на страни и книгата со најмал број на страни и им ги заменил местата меѓусебно. Потоа, во втората замена ја избрал втората по ред книга со најголем број на страни и ја заменил со втората по ред книга со најмал број на страни, итн. Во К-тата замена ја избрал К-тата по ред книга со најголем број на страни и ја заменил со К-тата по ред книга со најмал број на страни. Кога гостите си отишле, Јане го забележал новиот распоред на книгите и промената не му се допаднала, па решил да ги врати книгите на нивните стари позиции. Помогнете му на Јане да го направи тоа.



Влез

Во првиот ред се дадени бројот на книги N (2 <= N <= 500 000) на полицата на Јане, и К ( 0 <= K < N/2 ), бројот на замени кои ги направил Перо.

Во вториот ред се дадени N броеви Xi кои означуваат колку страни имала i-тата по ред книга според новиот распоред на книгите.(1 <= Xi <= 1 000 000)

Во случаи кои носат 50% од поените ќе важи дека 2 <= N <= 1000.



Излез

Во првиот и единствен ред се печатат N броеви Yi, кои го означуваат бројот на страни на i-тата по ред книга на полицата според стариот распоред на книгите.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5 1
50 100 45 2000 1300
излез
50 100 2000 45 1300


влез
5 2
50 100 45 2000 1300


излез
1300 100 2000 45 50


Објаснување за вториот тест пример: Перо направил 2 замени: Во втората замена Перо ги заменил книгите со 50 и 1300 страни, значи претходниот распоред бил 1300 100 45 2000 50. Во првата замена Перо ги заменил книгите со 45 и 2000 страни, па според тоа првобитниот распоред на книгите бил 1300 100 2000 45 50.



 Submit your code