Заљубени

Крсте и Весна живеат на еден долг булевар. На тој булевар од едната страна се наоѓаат куќи кои се нумерирани по редослед: 1, 2, 3, 4, итн. (Од другата страна има фантомски куќи и тие немаат броеви, ама тоа и не е важно.) Весна живее во куќата со број М, а Крсте во куќата со број N.

Весна сака да го посети Крсте. Кога таа пешачи, за да стигне од пред куќа со помал број до пред соседната куќа со поголем број (од А до А+1) троши U единици енергија, додека ако пешачи од куќа со поголем број кон соседната куќа со помал број (од А до А-1) троши D единици енергија.

Така на пример, ако Весна живее во куќата со број 200, а Крсте во куќата со број 50, за да го посети Весна со пешачење ќе потроши (200-50)*D единици енергија.

На булеварот, во обете насоки се обраќа автобус кој застанува на точно L постојки, кои се пред точно L куќи. Бидејќи за Весна, како ученичка, автобусот е бесплатен, таа може да го користи за да стигне од една до друга постојка и притоа воопшто нема да потроши енергија за тој дел од патот.

Напишете програма која ќе утврди колку најмалку единици енергија ќе потроши Весна ако го посети Крсте.



Влез

Во првиот ред се дадени целите броеви M, N, U, D и L (1 <= M, N <= 100 000; 0 < U,D <= 10; 0 <= L <= 20). Во следниот ред се дадени L цели броеви Hi– броевите на куќите пред кои застанува автобусот, подредени во растечки редослед и разделени со по едно празно место. (1<=Hi<=100 000)
Забелешка: За тест случаи кои носат 40% од поените, 0 <=L <= 2



Излез

Во првиот ред се печати еден број – најмалиот број на потрошени единици енергија.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
4 9 2 1 2
5 8
излез
4


влез
4 9 2 1 6
1 3 6 10 11 14


излез
2


влез
3 20 5 7 5
1 3 15 20 25


излез
0


Објаснување за првиот тест пример: Најмал број на единици енергија Весна ќе потроши ако прво пешачи од пред куќата со број 4 до пред куќата со број 5 (потребно е 2 единици енергија), потоа се качува во автобус и се симнува пред куќата со број 8 (не е потребна енергија) и на крај пешачи до куќата со број 9 (потребно е 2 единици енергија). Вкупно ќе потроши 4 единици енергија.



 Submit your code