Коалиција

Во една земја за формирање на влада коалицирале две партии: ПА и ПБ. При формирањето на владата, било одлучено дека ќе има најмногу N министерства, подредени по значајност (М1, М2, М3...).

Секој член на партиите можел да предложи како да изгледа новата влада. Предлогот вклучувал: број на министерства, и во кое министерство од која партија ќе биде министерот. Така, на пример, предлози кои се давале биле:

N=3: М1-ПА, М2-ПБ, М3-ПА;
N=4: М1-ПА, М2-ПА, М3-ПА, М4-ПА;
N=1: М1-ПБ;
итн.

Бидејќи процесот на предлагање траел долго, биле дадени сите можни предлози за големина на влада од 1 до N министри.

Напишете програма која, за дадено N, ќе пресметува колку различни предлози биле дадени.



Влез

Во еден ред e даден цел број N (1 ≤ N < 250).

Забелешка: За 60% од поените ќе важи: N < 60.



Излез

Отпечатете го бројот на различни предлози кои биле дадени.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
2
излез
6
влез
3
излез
14


Објаснување за првиот пример: Дадени биле вкупно 6 различни предлози и тоа:
со 1 министерство: М1-ПА;
со 1 министерство: М1-ПБ;
со 2 министерства: М1-ПА, М2-ПА;
со 2 министерства: М1-ПА, М2-ПБ;
со 2 министерства: М1-ПБ, М2-ПА;
со 2 министерства: М1-ПБ, М2-ПБ;



 Submit your code