Тарифа

Една телефонска компанија понудила пакет услуги за професорите од Криптографија. Меѓутоа, цената ја скрила во стринг S (низа од цифри од 1 до 9).

Професорите го добиле стрингот, а знаат и дека се работи за цена пониска од 1 000 000, која исто така е прост број.

Утврдете колку можни различни тарифи односно цени (според горните услови) има во стрингот.



Влез

Во првиот ред е даден стринг од цифри S. Должината на S е најмногу 1 000 000.

Забелешка:
За 30% од поените, должината на S е најмногу 10 000.
За дополнителни 35% од поените, должината на S е најмногу 100 000.



Излез

Отпечатете еден цел број - бројот на различни тарифи кои ги има во стрингот.



Ограничувања

Временско ограничување: 500 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
15293
излез
5


влез
3292


излез
3


Објаснување за првиот пример: Прости броеви се: 2, 3, 5, 29, 293.

Објаснување за вториот пример: Прости броеви се: 2, 3 и 29.



 Submit your code