Јагодите и ѕверот

Томе игра една игра со ѕвер. Една од задачите кои ги има Томе е да го храни ѕверот, за тој да може да порасне. За ѕверот да порасне за едно ниво (од прво на второ, од второ на трето), тој треба да изеде точно N јагоди.
Ако Томе има доволен број јагоди (N или повеќе), тој ќе потроши N јагоди и ќе го нахрани ѕверот, ѕверот ќе порасне за едно ниво, а потоа Томе ќе добие 3 јагоди како награда.

Ваша задача е, ако го знаете N и го знаете бројот на јагоди M кои Томе ги има на почетокот, да пресметате за колку нивоа ќе може Томе да го порасне ѕверот.



Влез

Во еден ред се дадени два броја: N (3 < N ≤ 1 000) и M (0 < M ≤ 1 000), разделени со едно празно место.



Излез

Отпечатете го бројот на нивоа за колку ќе може Томе да го порасне ѕверот.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
6 10
излез
2


влез
5 12


излез
4


Објасување на првиот пример: Томе има 10 јагоди на почетокот, па може да го нахрани ѕверот со 6 од нив и ѕверот ќе порасне за едно ниво, а Томе после тоа ќе има 7 јагоди (му остануваат 4 (10-6) јагоди и добива 3 јагоди како награда). Штом има 7 јагоди, може да го нахрани ѕверот со 6 од нив и ѕверот ќе порасне за уште едно ниво, а Томе после тоа ќе има 4 (1+3) јагоди. Томе сега има 4 јагоди и веќе не може да го нахрани ѕверот, па оттука тој може да го порасне ѕверот точно за 2 нивоа.



 Submit your code