Триаголници

По повод почетокот на новата сезона на натпревари по информатика, ЗИМ (Здружението на Информатичари на Македонија) организира состанок на сите наставници по информатика од средните училишта во Република Македонија.

Една од најтешките работи при организирањето на овие средби е распоредот на седење на учесниците. Организаторите однапред знаат дека учесниците ќе седат на маса во форма на правоаголен триаголник (поради суеверноста на голем број од наставниците, масата мора да биде во вид на триаголник).

Доколку се дадени координатите на N точки, напишете програма која ќе пресмета на колку различни начини може да се одбере позицијата на масата (бројот на правоаголни триаголници кои можат да се состават од дадените точки).



Влез

Во првиот ред е запишан бројот на точки N (3 <= N <= 100). Во секој од следните N редови се запишани по два цели броја Xi и Yi (-100 < Xi, Yi < 100), кои ги претставуваат координатите на точките. Не постојат две точки со исти координати.



Излез

Излезот се состои од еден ред во кој треба да го отпечатите бројот на правоаголни триаголници.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5
0 0
2 0
1 1
1 -1
3 -1
излез
7


 Submit your code