Зелки и моркови

Во зајачката продавница секој зајак купува зелки и моркови. Ако ги имаме податоците за сите N зајаци кои купувале денес (кој по колку парчиња од двете купил), утврдете дали се продале повеќе зелки или повеќе моркови и испечатете ја количината на повеќепродаваниот производ.



Влез

Во првиот ред е запишан бројот на зајаци кои пазарувале денес N (1 < N< 1000). Во следните N редови се запишани по два броја, прво бројот на зелки, па потоа бројот на моркови кои ги купил соодветниот зајак. Да забележиме дека, секој зајак купува најмногу 100 зелки и најмногу 100 моркови.



Излез

Во првиот ред запишете zelka, ако биле купени повеќе зелки или morkov во спротивно.
Во вториот ред запишете го бројот на продадени парчиња од повеќепродаваниот производ.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
2 3
3 2
5 2
излез
zelka
10


влез
4
1 2
2 1
3 3
2 2


излез
morkov
8


 Submit your code