Збир

Наставничката Весна запишала три позитивни цели броеви A, B, C (A <= B <= C) на таблата во нејзината училница. Потоа, таа им дала интересен предизвик на нејзините ученици:

Одберете еден од трите броеви запишани на таблата, избришете го, и на негово место запишете го квадратот на тој број (X*X). Потоа, соберете ги запишаните броеви.

Ако вие ги знаете трите броја, и имате можност да изберете кој број ќе го замените со неговиот квадрат, напишете програма со која ќе пресметате кој е максималниот збир кој може да го добиете.



Влез

Во првиот и единствен ред се запишани три позитивни цели броеви А, B и C, дадени во неопаѓачки редослед (0 <= A <= B <= C <= 100), кои ги означуваат броевите запишани од наставничката.

Со други зборови, броевите се дадени така што првиот број запишан на влезот (A) е помал или еднаков на вториот (B); а вториот број (B) е помал или еднаков на третиот (C).



Излез

Отпечатете го максималниот збир кој може да се добие.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
1 5 5
излез
31


влез
0 0 0


излез
0


Објаснување за првиот пример: Доколку го квадрираме првиот број, на таблата ќе бидат запишани броевите 1 (1*1), 5 и 5. Збирот во овој случај ќе биде еднаков на 1+5+5=11.

Доколку го квадрираме вториот број, на таблата ќе бидат запишани броевите 1, 25 (5*5) и 5. Збирот е 1+25+5=31.

Слично, доколку го квадрираме третиот број, збирот ќе биде еднаков на 1+5+25=31.

Значи, максималниот збир е 31, и тој се добива доколку го квадрираме вториот или третиот број (B или C).


Објаснување за вториот пример: Без разлика кој од трите броеви ќе го квадрираме, секогаш ќе се добие збир еднаков на 0.



 Submit your code