Зимсонов број

За еден број X велиме дека е зимсонов број во 2 случаи:

  1. доколку тој е палиндром (се чита исто од напред и од назад), или

  2. доколку тој е делив со сите негови цифри.


На пример, 505 и 1331 се зимсонови броеви бидејќи 505 и 1331 се палиндроми (ако ги читаме цифрите од напред и од назад, се добива истиот број), а 12 е зимсонов број бидејќи 12 е делив со 1 и 2. Зимсонови броеви се и 5, 9, 11, 24, 151, 303, 636, 1112, итн.

Забележете дека доколку еден број содржи цифра која е еднаква на 0, тогаш тој не е делив со сите негови цифри (бидејќи не е дозволено делење со нула).

Напишете програма која, за дадени два позитивни цели броја L и R, ќе пресмета колку зимсонови броеви постојат помеѓу L и R.



Влез

Во првиот и единствен ред се запишани два позитивни цели броја L и R (1 <= L <= R <= 500000).



Излез

Отпечатете колку зимсонови броеви постојат помеѓу L и R (вклучувајќи ги и L и R).



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
1 15
излез
12


влез
303 304


излез
1


Објаснување за првиот пример: Зимсонови броеви во интервалот од 1 до 15 се: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12 и 15.



 Submit your code