Пешачење

Мартин сака да биде активна личност и да пешачи по 10 000 чекори секој ден.
Бидејќи денес не му работи педометарот (апликацијата за броење чекори), тој измерил дека досега пешачел P минути, а трчал T минути и е сигурен дека сеуште не ја постигнал целта од 10 000 чекори.
Доколку знаете дека при пешачење тој прави 2 чекори во секунда, додека при трчање 4 чекори во секунда, тогаш пресметајте уште колку чекори треба да изоди денес за да ја постигне својата цел.



Влез

На влез во еден ред се дадени 2 броја P и T (0 ≤ P, T ≤ 60), бројот на пешачени минути и бројот на истрчани минути, соодветно. Во секој од тест случаите дадени на влез Мартин денес сеуште нема испешачено повеќе од 10 000 чекори.



Излез

Во првиот и единствен ред запишете го одговорот.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
15 25
излез
2200
влез
26 22
излез
1600


 Submit your code