Поени

Иван ја игра неговата омилена компјутерска игра, која има неколку нивоа. Иван почнува од ниво 1 и треба да потроши P поени за да накачи ниво за прв пат (да дојде на ниво 2). Но, за секое следно накачување треба да потроши D повеќе поени отколку за претходното накачување.
На пример, за P=5 и D=10, за првото накачување од ниво еден на ниво два Иван ќе потроши 5 поени, за накачување од ниво два кон ниво три ќе потроши 15 поени, за следното ниво ќе потроши 25, и така натаму.
Доколку знаете дека сега херојот е на ниво N, тогаш пресметајте колку севкупно поени биле потрошени за накачување нивоа.



Влез

На влез во првиот ред се дадени два броја P и D (1 ≤ P, D ≤ 100), потребните поени за првото накачување на ниво, како и разликата во потребните поени за секое следно накачување ниво, соодветно.
Во вториот ред е даден еден цел број N (1 ≤ N ≤ 18), нивото на кое се наоѓа херојот.


Излез

Во првиот и единствен ред запишете го одговорот.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5 10
4
излез
45
влез
5 7
3
излез
17


 Submit your code