Матрица

Матрица е име за група од елементи кои се распоредени во 2 димензии, односно се состои од елементи во H редици и W колони (има по W елементи во секоја редица).
Позицијата на секој елемент е определена со два броја X и Y (X – редниот број на редицата во која се наоѓа, при што првата редица е означена со 1, втората со 2, итн., Y – редниот број на колоната во која се наоѓа, при што првата колона е означена со 1, втората со 2, итн.).
Ако се дадени два броја X и Y, проверете дали за дадена матрица со дадени димензии H и W постои елемент со таква позиција во неа.



Влез

На влез во првиот ред се дадени два броја H и W (1 ≤ W, H ≤ 100), бројот на редици и колони во матрицата.
Во вториот ред се дадени уште два броја X и Y (-50 ≤ X, Y ≤ 150), потенцијален реден број на редица и реден број на колона, за кои треба да се провери дали определуваат позиција на елемент во матрицата.



Излез

Во првиот и единствен ред запишете DA или NE, според барањата во задачата.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
5 3
3 1
излез
DA
влез
5 3
3 4
излез
NE


 Submit your code