Учење

Поради вирусот КОВИД-19, училиштата во Македонија не работат. Емил е директор на едно средно училиште во кое што учат M ученици и M ученички, и за секој од нив Емил знае колкаво е нивното знаење по информатика (цел број помеѓу 1 и 1000).

Сега, тој сака да направи што е можно повеќе парови од ученик и ученичка (значи, еден пар се состои од еден машки и еден женски ученик), со цел истите да комуницираат меѓусебно и да решаваат задачи по информатика. Притоа, за секој ученик/ученичка, Емил знае дали е подобро истите да бидат во пар со ученик/ученичка која има поголеми познавања по информатика од нив, или со ученик/ученичка која има помали познавања. Не може да се направи пар помеѓу ученици со исто знаење. Се разбира, еден ученик/ученичка може да припаѓа на само еден пар.

Колкав е најголемиот број на парови кои што можат да се состават на овој начин, доколку Емил ги состави паровите оптимално?



Влез

Во првиот ред е запишан еден цел број M (1 <= M <= 100000), кој го означува бројот на машки ученици и бројот на женски ученици.

Во секој од наредните M редови се запишани по еден цел број Ai (1 <= Ai <= 1000) и еден знак Bi (Bi = ‘+’ или Bi = ‘-‘) кои го означуваат знаењето Ai на i-тиот машки ученик, како и тоа дали истиот треба да биде во пар со ученичка која знае информатика повеќе од него (Bi=’+’) или ученичка која знае помалку од него (Bi=‘-‘).

Слично, во секој од наредните M редови се запишани по еден цел број Ci (1 <= Ci <= 1000) и еден знак Di (Di = ‘+’ или Di = ‘-‘) кои го означуваат знаењето Ci на i-тата ученичка, како и тоа дали истата треба да биде во пар со машки ученик кој знае информатика повеќе од нејзе (Di=’+’) или ученик кој знае помалку од нејзе (Di=‘-‘).

Забелешка: Во тест случаи кои носат најмалку 30% од поените, бројот M ќе биде помал или еднаков на 10. Во други тест случаи кои носат најмалку 20% од поените, бројот M ќе биде помал или еднаков на 20.



Излез

Во еден ред се запишува најголемиот број на парови кои можат да се состават.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3
100 +
200 +
300 +
500 -
600 -
700 -
излез
3


влез
3
200 -
400 +
300 +
200 +
500 -
300 -


излез
1


Објаснување за првиот тест пример: имаме три машки ученици со знаење 100, 200 и 300, и секој од нив треба да биде во пар со ученичка која има поголеми познавања од информатика (+). Дополнително, имаме три женски ученика со знаење 500, 600 и 700, и секоја од нив треба да биде во пар со машки ученик кој има помалку познавање. Во овој случај, можно е да се направат три парови (100+ со 500-, 200+ со 600- и 300+ со 700-).

Објаснување за вториот тест пример: Можно е да се направи најмногу еден пар (на пример, 300+ со 500-).



 Submit your code