Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, често искажува информации и податоци со кои останатите не се согласуваат. На пример, наместо да каже точен податок/бројка N, тој може да одлучи да каже некој друг податок/бројка M, бидејќи истата повеќе му се допаѓа.

Конкретно, нека ги означиме двете омилени цифри на Трамп со A и B, и нека знаеме дека тој ги сака само броевите кои содржат најмалку X појавувања на цифрата A, и најмалку Y појавувања на цифрата B. Во тој случај, наместо да ја каже вистинската вредност N, тој всушност го кажува првиот број кој што е поголем или еднаков на N, и кој што го содржи соодветниот број на појавувања на цифрите A и B.

За дадени вредности N, A, B, X и Y, отпечатете го најмалиот број поголем или еднаков на N кој што ги задоволува условите опишани погоре (бројот да има најмалку X појавувања на цифрата A, и најмалку Y појавувања на цифрата B).



Влез

Во првиот ред е запишан еден позитивен цел број N, со не повеќе од 14 цифри. Во вториот ред се запишани двете омилени цифри на Трамп A и B (0-9), кои се меѓусебно различни. Во третиот ред се запишани два цели броја X и Y (0 <= X+Y <= 14), кои го означуваат потребниот број X на појавувања на цифрата A, и потребниот број Y на појавувања на цифрата B.

Забелешка: Во тест случаи кои носат најмалку 15% од поените, бројот N ќе биде помал или еднаков на 1000, и вредноста X+Y ќе биде помала или еднаква на 3. Во други тест случаи кои носат најмалку 25% од поените, вредноста на X или вредноста на Y ќе биде еднаква на 0.



Излез

Во еден ред се запишува бараниот најмал број кој што ги задоволува условите дадени во текстот на задачата.



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
50
5 1
1 1
излез
51


влез
50
3 4
5 0


излез
33333


Објаснување за првиот тест пример: Треба да го најдеме најмалиот број поголем или еднаков на 50 кој што има најмалку едно појавување на цифрата 5 и најмалку едно појавување на цифрата 1. Тоа е бројот 51.

Објаснување за вториот тест пример: Првиот број кој што има најмалку пет појавувања на цифрата 3 е 33333.



 Submit your code