Бонус

Арбр открил интересна игра на неговиот мобилен телефон која се одвива на правоаголна матрица составена од R редови и C колони. На некои од полињата во матрицата се наоѓаат чудовишта (означени со ‘X’) кои Арбр треба да ги уништи, додека другите полиња во матрицата (означени со ‘.’) се дупки.

Арбр може да се движи во матрицата така што ќе прави скокови (значи, од едно поле може да дојде до кое било друго поле). Интересно, додека играл, Арбр забележал дека кога ги уништува чудовиштата во одреден специфичен редослед (објаснет подолу), тој добива бонус поени. Притоа, Арбр не смее да стапне на дупките (‘.’) бидејќи ќе пропадне, туку само на полиња на кои што има чудовишта (‘X’). Кога едно чудовиште е уништено, полето на кое се наоѓало чудовиштето станува дупка.

Сега, нека ги означиме полињата кои ги посетува Арбр со X1, X2, X3, X4, … XN. Сите чудовишта од матрицата мора да бидат уништени – т.е. сите полиња со чудовишта мора да се посетат. За освојување на бонус поени, треба да бидат исполнети следните дополнителни услови:

- За секоја непарна вредност на индекс i, Xi и Xi+1 се наоѓаат во ист ред од матрицата
- За секоја парна вредност на индекс i, Xi и Xi+1 се наоѓаат во иста колона од матрицата

Напишете програма која ќе отпечати “BONUS” доколку Арбр може да освои бонус поени за даден изглед на матрицата, или “NORMAL” доколку не може. Арбр може да тргне од кое било поле каде што има чудовиште, и не смее да стапне на дупка во ниту еден момент од движењето (на полињата означени со ‘.’ или на полињата со чудовишта кои се веќе уништени).



Влез

Во првиот ред се запишани два цели броја R и C (1 <= R, C <= 50), кои го означуваат бројот на редови и колони од кои е составена матрицата. Во секој од наредните R редови се наоѓаат по C знаци (‘X’ или ‘.’) кои го дефинираат изгледот на матрицата. Притоа, матрицата ќе содржи најмалку едно поле на кое што има чудовиште.

Забелешка: Во тест случаи кои носат најмалку 30% од поените, бројот на полиња со чудовишта ќе биде помал или еднаков на 9.



Излез

Во еден ред се запишува “BONUS” доколку Арбр може да освои бонус поени, или “NORMAL” доколку не може.



Ограничувања

Временско ограничување: 500 milliseconds
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
3 2
XX
..
XX
излез
BONUS


влез
4 3
XXX
..X
XXX
X..


излез
NORMAL


Објаснување за првиот тест пример: Може да се почне од полето кое се наоѓа горе-лево, па полето десно од него, па да се скокне до полето долу-десно, па полето лево од него.



 Submit your code