Подароци

Мендо сака да оди на роденден кај неговиот најдобар другар, и размислува кој подарок да му го однесе. Нека ги разгледуваме подароците кои ги има Мендо како правоаголни објекти со дадена должина и ширина. Мендо има само една кутија во која сака да стави точно 1 подарок.

Напишете програма која ќе одреди кои од подароците можат да се сместат во кутијата (самостојно, не заедно).

Кога разгледуваме дали еден подарок (правоаголен објект) може да се смести во кутијата, треба да имаме предвид дека страните на објектот мора да бидат паралелни со страните на кутијата (т.е. можеме да го ротираме објектот 0, 90, 180 или 270 степени).

Претпоставете дека кутијата има бесконечно голема висина (или кажано поинаку, во оваа задача ја игнорираме висината на кутијата и подароците).



Влез

Во првиот ред се запишани два цели броја Dk (1 ≤ Dk ≤ 1000), Sk (1 ≤ Sk ≤ 1000) кои ги означуваат должината и ширината на кутијата (соодветно). Во вториот ред е запишан еден цел број N (1 ≤ N ≤ 100), кој означува колку подароци има Мендо. Во секој од следните N редови се запишани по два цели броја Dpi (1 ≤ Dpi ≤ 1000), Spi (1 ≤ Spi ≤ 1000), кои ги означуваат должината и ширината на i-тиот подарок (соодветно).



Излез

На стандарден излез, во првиот ред отпечатете колку од N-te подароци можат да се сместат во кутијата. Потоа, во секој следен ред отпечатете ги должината и ширината (по тој редослед!) на подароците кои можат да се сместат во кутијата (подароците се печатат во истиот редослед како што се дадени на влез).



Ограничувања

Временско ограничување: 1 second
Мемориско ограничување: 64 megabytes



Примери


влез
7 3
3
3 7
9 2
6 2
излез
2
3 7
6 2


 Submit your code