[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
Чести грешки за време на натпревар  XML
Forum Index » Општа дискусија
Author Message
MOI



Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 445
Offline

Во една друга тема на форумов (линк - http://mendo.mk/jforum/posts/list/138.page) ветив дека ќе напишам еден краток документ со информации за работите на кои треба да се внимава за време на еден натпревар (на кои работи највеќе се греши).

Па, еве бета верзија на документот -> greski.pdf.

Бидејќи не можев да најдам, на веб-сајтовите слични на нашиот, некој документ од ваков тип - очекувам мислења и сугестии за подобрување на документот (особено од поискусните натпреварувачи).

Морам да кажам дека е малку тешко да се набројат сите можни грешки кои можат да се направат за време на еден натпревар, но јас сепак сметам дека овој документ содржи информации кои можат да им помогнат на доста натпреварувачи (наведени се грешки кои ги имам забележано на прикачените кодови на овој и на други форуми, а набројав и неколку грешки кои јас лично ги имам направено за време на натпревар - како почетник , а се надевам дека никој друг нема да ги повтори)

This message was edited 2 times. Last update was at 01/05/2011 19:38:02

bedzo



Joined: 18/01/2011 02:05:03
Messages: 234
Offline

Супер напишано Повеќето е очигледно ама вреди да се знае
obi1kenobi



Joined: 18/02/2010 20:01:33
Messages: 168
Offline

Во последниот совет на првата страна има една линија што вели:

каде r е double. Тоа претставува имплицитно кастирање на променлива и сметам дека треба да се замени со експлицитен каст -- сум видел многу натпреварувачи како забораваат дека треба кастирањето секогаш да биде експлицитно. Дури би предложил да се вметне имплицитното кастирање како можна грешка во овој фајл затоа што многу лесно е да се заборави а може дури и да предизвика кодот да не се ни компајлира на некои системи за оценување.

ЕДИТ: Зошто секогаш кога менувам порака директно во темата, без да влезам во 'промени' делот, ми остава <br> тагови на сред пост? Дали проблемот постои само кај мене? Користам IE9 на Win7x64.

This message was edited 3 times. Last update was at 02/05/2011 00:49:33

bedzo



Joined: 18/01/2011 02:05:03
Messages: 234
Offline

И кај мене става тагови, јас сум од хром на вин7х32.

Него ова треба да оди така: int z=(int)round(r);

This message was edited 2 times. Last update was at 02/05/2011 01:44:45

 
Forum Index » Општа дискусија
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team