mrceski wrote:Не знам дали јас не ја разбрав задачата Комисија (
http://mendo.mk/Task.do?id=15 ) или има грешка.
Вика дека се бара оптимална поделба и во таа поделба да се најди максималниот број. Во примерот низ текстот со 9 циклуси на натпревари и три члена поделбата е направена:
10+20+30+40+50 | 60+70 | 80+90 со што излегува максимален број на задачи 170 (80+90), но што ако поделбата се направи 90+40+10 | 80+50+20 | 70+60+30 со што излегува пооптимална поделба при што се добива максимален број на задачи 160 (70+60+30). Ако не сум во право, ве молам кажете ми образложение.
Ви благодарам однапред!