[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
rezultati od testiranjeto..  XML
Forum Index » Општа дискусија
Author Message
Nj1234



Joined: 21/12/2017 07:07:59
Messages: 11
Offline

Primer: pisam kod,go ispracam dobivam rezultati od testiranjeto od 1 do 20 i sega mi kazvit pogresen rezultat na 3 mesta kako da vidam kaj se tie greski?
MOI



Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 440
Offline

Nj1234 wrote:Primer: pisam kod,go ispracam dobivam rezultati od testiranjeto od 1 do 20 i sega mi kazvit pogresen rezultat na 3 mesta kako da vidam kaj se tie greski?

Во најдобар случај, зависно од резултатот кој што ќе го добиеш од системот ("Погрешен одговор", "Надминат временски лимит", итн), ќе успееш самиот да откриеш што е грешката - на пример, ако е надминат временски лимит, потребно е да се напише поефикасен алгоритам и слично. Вака е и на меѓународен натпревар, каде што зависно од добиениот резултат од системот, би знаел дали е задачата точно решена (па можеш да решаваш и други), или дали да продолжиш со подобрување на кодот.

На МЕНДО, имаш и други (неколку) опции (сепак, добро е прво да се обидеш сам да најдеш што грешиш). Прво, можеш во форумот или викито да побараш дали постои решение на задачата со копчето "Пребарај" (на пример). Кај задачите за учење на C++ или алгоритми, дадени се решенијата и директно во задачата, па можеш да ги отвориш со "Види решение". Трето, можеш и да го користиш копчето "Побарај тест случај" за да симнеш одреден тест случај и да го извршиш на твојот компјутер (за да видиш што дава твојата програма наспроти точната, да користиш debugger, и слично).
 
Forum Index » Општа дискусија
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team