Ако нешто не работи, можеш прво да пробаш да го прочиташ кодот така што ќе бараш некоја од "честите" грешки што се прават.
(Има предавање на МЕНДО со наслов "Грешки на кои треба да внимавате", така да можеш да го видиш тоа прво)
На пример, ако имаш низа arr[n], можеш да пристапуваш само до индекси од 0 до n-1. (Хинт: види линија каде што пристапуваш до arr[i+2], и дали е тоа добро).
Има и други проблеми, ама од кога ќе ги поправиш ваквите грешки, и имајќи предвид дека решаваш на МЕНДО каде што можеш да го видиш и примерот [инфо], ќе можеш да си го анализираш кодот дел по дел на твојот компјутер.