[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
Предлози за следната година  XML
Forum Index » Општа дискусија
Poll
Оценка за организацијата на овогодинешните натпревари...
Организација е катастрофа 8% [ 2 ]
Ништо не бевте подобри од лани 13% [ 3 ]
Солидно ги организиравте натпреварите 54% [ 13 ]
Многу бевте подобри од минатата година 25% [ 6 ]
Total Votes : 24
Author Message
Bojan Kostadinov



Joined: 08/10/2009 13:56:21
Messages: 89
Offline

Што мислите дека треба да се направи следната година за да се подобри организацијата на натпреварите? Еве што мислам јас:

  1. Мислам дека циклусот натпревари треба да почне порано (можеби уште во октомври).

  2. За електронските натпревари да има две групи (полесна и потешка). Оваа година беа давани само лесни задачи на електронските натпревари, кои подобрите натпреварувачи ги решаваа за 5 минути, што не е добро.

  3. Треба да се знае пред почетокот на циклусот натпревари, кој натпревар колку поени ќе носи и која е формулата за избор на екипите за меѓународни натпревари.

  4. Мислам дека треба да има награда за најдобар женски натпреварувач, за да се мотивираат повеќе женски да учествуваат на натпреварите

  5. Што се однесува на системот, треба да се додаде chat, некој вид рангирање на регистрираните корисници на системот, да се додаде опција за гледање на сумарни резултати (собрани резултати од сите натпревари досега, од некој циклус), и опција корисниците да си го споредуваат нивниот излез со вистинскиот (да не мора да ги симнуваат тест-примерите и да ги извршуваат на нивниот систем)

  6. Да се смисли друг начин за одржување на регионалниот натпревар.

  7. Многу е важно да се зголеми бројот на натпреварувачи. Треба да се смисли некој вид на реклама, и да се промовираат натпреварите. Треба и да се направи и некој вид на how-to за оние кои прв-пат почнуваат со програмирање, на пример некоја тема на вики-то со информации за тоа кој компајлер да се симне, кои книги да се прочитаат, итн... Едноставно да знаат луѓето од каде да почнат (ова мислам дека е проблем кај голем број на луѓе, бидејќи наставниците во школо баш и не знаат да ги насочат)

  8. Знам дека ќе има многу луѓе кои се против ова, и јас лично не сум сигурен колку е ова добра идеја, но мислам дека не треба да се дозволи 90% од учениците да бидат од ист град, или само две школи да ги освојуваат сите медали и награди. Еден начин е да се промовираат натпреварите и да се зголеми бројот на учесници од другите градови, но мислам и дека треба да се лимитира бројот на учесници кои можат да се пласираат на Државен натпревар од едно училиште, или да се воведе некаков регионален пристап.
------------------------------

Па, повелете со ваши идеи, предлози, забелешки...

This message was edited 5 times. Last update was at 22/07/2010 21:09:53

ac1d



Joined: 14/02/2010 13:33:00
Messages: 64
Offline

1. Mи се допаѓа идејата со тоа што би имало повеќе електронски натпревари.
2. ЛајК !
3. Многу битно !!!
4. Една вечер со најдобриот машки натпреварувач мислам дека би било добра награда Мотивација плус за нас
5. Добра идеја.
6. Fair enough !
7. Ова ќе биде прилично тешко
8. Како што си кажа и сам еве јас сум прв што не се согласува затоа што тоа ти што го кажуваш нема никаква логика... Зашто некој друг да иде на државен место мене а јас сум подобар од него ??? Нема никаква поента ова... на крај краева ние не се натпреваруваме како школо туку како поединци секој сам за себе ! Друга работа е што вие сакате да го одберете најдобриот тим за на интернационални натпревари. Како ќе го направите тоа ако не им давата шанса на подобрите натпреварувачи туку на оние послабите ???


Толку од мене во глобала сум за све освен последното
Filipbitola



Joined: 19/03/2010 15:33:18
Messages: 32
Offline

Ќе го кажам моето мислење за секое од наведените:
1. Супер идеја, но дали се мисли за ист стил на натпревари или нешто плус?(Дали ќе биди исто како годинава?)
2. Добра е идејата да се поделат учесницците, бидејќи новите можат да бидат обесхрабрени ако се видат некаде долу на листата бидејќи некој од напредна група е пред нив.
3. И тоа би било добро да се направи, бидејќи секогаш има шпекулации од типот „овој влезе со врски... требаше јас да одам“. Плус, ако е можно секој натпревар да се множи со различен коефициент на крајот од годината, бидејќи некој ќе направи многу добро на лесен натпревар и тоа му го крева просекот за многу...
4. Хахаха, ако има за женски нека има и за машки и за вкупен. И наредната година ако е можно да се дава нешто подобро за државниот натпревар освен мечиња.
5. Тоа со чет е супер, баш ни треба некаков вид на комуникација освен личните пораки кои никој не ги чита. Рангирањето не е лоша идеја, а за последното да можат да се видат и тест примерите, и да не се дозволува опција да може да се дава код од типот„ ако е овој пример испечати го ова...“.
6. И мене ме нервира регионалниот натпревар што е електронски. Некои луѓе кои за прв пат фаќаат програмирање излегуваат први на листа со сите можни поени бидејќи на скајп имаат некој што знае да ги реши задачите. И едно добро прашање. Зошто натпреварот се вика регионален кога воопшто не се покажуваат листи по региони. Всушност тој е повеќе како 5ти електронски отколку што е како регионален.
7. Со рекламата е добра идеја но реализацијата би била прилично тешка. Бројот на натпреварувачи е мал бидејќи малкумина знаат дека воопшто постојат вакви натпревари(корчагин, јахја кемал и 2-3 од некое државно училиште). На wiki-to би можело да се стават почетнички курсеви за почетниците и тоа би им било од многу голема корист(од лично искуство со немањето на почетнички курсеви на викито). Добро би било да се организира и некакво подготвување од страна на искусен програмер бидејќи многумина подобро сфаќаат кога има некој што добро ќе го објасни цело тоа отколку да го читаат на нет.
8. За ова сум и за и против. Ако воопшто се ограничува нека е од облик „толку ученици од почетничка, толку од основна и толку од напредна“ а не „толку ученици од цело училиште“ бидејќи ако има повеќе од ограничениот број на ученици кои ги бива за програмирање, нажема да можат сите да се покажат.
Мои предлози:
1. Да се поправи системот бидејќи автоматски одлогира на незнам колку минути ако не се гибне нешто на страната.
2. Да има официјални решенија за секоја задача, ако не за сите, макар за оние што ја решиле во трнинг делот целосно, за да можат да си го споредат решението и да си увидат на грешките(покомплицирано решение итн...)
3. Да има подобар начин да се читаат личните пораки, бидејќи сандачето е скоро незабележливо, а четот не може да работи ако некој е офлајн
4. За наредната година, за натпреварите ако може да се обезбедат пијалоци или нешто слично, од страна на ЗИМ(или училиштето каде се одржува натпреварот)
5. Ако натпреварот се одржува во некој друг град, да им се даде карта од градот на менторите за да не се случи истото што беше во кавадарци(че го минеш мостот и че фанеш на десно...)(не сум сериозен)
6. Ако може повеќе постови на главната страна, за да не треба да бараме од незнам каде.

This message was edited 1 time. Last update was at 11/06/2010 00:16:47

nikola3103


[Avatar]

Joined: 25/12/2009 16:09:56
Messages: 184
Offline

Ajde i jas da iskoemtiram za sekoja tocka po neso .

1. Se soglasuvam vo celost. I onaka elektronskite natprevari imaat malo vlijanie ponatamu. Bi bilo dobro da pocnat porano i da ima poveke vreme megu niv (pr 1 mesec ili neso pomalce)

2. Gooolem lajk ve podrzuvam tuka .

3. Ta4no . Barem odnapred da znaeme za sto se borime i dali imame sansi . like

4. Neka ima ne mi preci ama tie ne se za prirodni nauki , ne gi biva so da se prai .

5. Da za sumiranite rezultati i za chatov predloziv i prethodno vo edna od temive na forumov mn vazna rabota .

6. Da, taka bi bilo fer i treba veke ova prasanje da se resi.

7. I tuka se soglasuvam na primer ja da ne mi kazese mentorot blage veze si nemav deka postoi takvo neso . So reklama bi se zgolemil brojot na ucenici. Moze na primer vo sekoe sredno po edno flaerce za na zid pa neka citaat .

8. Epa kako sto kazavte i vie ni jas ne se soglasuvam so ova. Mislam deka e celosno "pointless". I sto ke vlagaat amateri a onie po iskusnite ke sedat doma samo zatoa sto se od yahya ili korchagin? i onaka samo ovie dve skoli vo celava drzava imaat mentori koi gi podgotvuvaat za natprevarive. Sepak treba nesto drugo da se izmiski za da se motiviraat potencijalnite natprevaruvaci no definitivno ne ova. Deka ne ima mnogu natprevaruvaci pa i nas izbrkajte ne .

Emi tolku od mene


i imam nekolku zabeleski za postot na filip .
4ta tocka. A be ne treba da bideme ne blagodarni podobro mecinja otkolku nishto barem se potrudija lugeto aj pa na olimpijada imae po ubavi nagradi. a za toa pod tockite tvoite predlozi che go fanesh na levo posle crkvata -> hahahahahaha nie go fanahme ama nescho slabo na che pa za tova kasnehme

This message was edited 1 time. Last update was at 11/06/2010 00:03:35

ac1d



Joined: 14/02/2010 13:33:00
Messages: 64
Offline

Не ми се свиѓа идејата на Никола да има поголем размак помеѓу електронските натпрвари затоа што тие се на еден начин тука за да не загреат за престојните натпревари и со тоа што ќе почнат порано би било добро исто така да има еден во недела до две за да бидеме активни во текот на целата година. Минимум 2 натпревари во месец сметам дека треба да има ...
hristijan



Joined: 24/01/2010 09:42:46
Messages: 49
Offline

Се согласувам со сите работи (посебно со 3-тата работа, добро би било да се знае уште од почеток колку натпревари ќе има и кој колку ќе вреди). освен со последната.. Не може ученик кој има освоени повеќе поени, и знае повеќе од друг ученик, да не оди на државен натпревар само затоа што од тоа училиште веќе има "доволен" број на ученици, бидејќи има училишта кои се концентрираат повеќе на натпреварите од другите училишта. На пример Јахја Кемал (го земам за пример моето училиште затоа што најмногу знам како одат работите во него) уште на почеток ги собира тие ученици кои покажале добри резултати на натпреварите со тоа што им дава стипендии, и за тие да си ја задржат стипендијата мора да учествуваат на натпревари, значи дека тие имаат причина плус зошто да учествуваат и да постигнат добри резултати. Плус школото плаќа професор кој ни држи часови (ВАСЈАAAA ) и скоро сите професори не бодрат да учиме повеќе за натпреварите. И нормално е после тоа да има повеќе учесници од Јахја Кемал отколку од училиште каде што никој не ги спрема учениците и каде што приоритет се други работи, не одењето на натпревари. Плус тоа во гимназиите учениците имаат повеќе часови информатика отколку да речеме во музичко (не сум сигурен дека е така ама претпоставувам). Може да направите да биде како на математика што е, директно на државниот да влегуваат сите учесници кои се први во некоја општина, а покрај тоа да влегуваат и првите 15, да речеме, ученици кои ќе бидат први во севкупната листа а не влегле директно на државниот натпревар. A после тоа на олимпијада да бида како што беше оваа година, да одат учениците кои ќе си заслужат. Вака, натпреварот во Јахја Кемал, за да се влезе на државниот натпревар, ќе биде потежок од натпреварот за да се влезе на олимпијада.
Nocturne



Joined: 31/01/2010 13:10:15
Messages: 10
Offline

#

This message was edited 2 times. Last update was at 03/04/2014 20:23:06

ac1d



Joined: 14/02/2010 13:33:00
Messages: 64
Offline

Lajk, Poke , Add as a friend !
Bojan Kostadinov



Joined: 08/10/2009 13:56:21
Messages: 89
Offline

Прво, заборавив горе да кажам дека ова се мои лични размислувања и немаат никаква врска со ставовите на ЗИМ, или било кого друг. Сигурен сум дека тие не се согласуваат со голем дел од идеите кои јас ги предложив, така што сакам тоа да е јасно.

Сега, идејата која ја спомнав за бројот на учесници од едно училиште (за што патем, веќе жалам ), е во правец да не се дозволи 90% од натпреварувачите да бидат од две училишта - ова стварно мислам дека не е во ред. Еве, да ја променам идејата, нека има некое правило, најмалку X училишта треба да бидат претставени на тој и тој натпревар. Знам дека порано се правеа вакви обиди - да се вклучат албански натпреварувачи и слично - но очигледно без успех.

Инаку, кажав и горе дека и самиот не сум сигурен колку е ова добра идеја, и немам баш некој конкретен предлог како би се формулирало тоа правило, ама е нешто што мислам дека вреди да се дебатира.

-----------------
За крај, еве нешто ептен off-topic, уште неколку идеи кои ми паднаа на памет:

9. На натпреварите, како официјални околини да се користат оние кои се користеле на последната Светска Олимпијада (или ако се објавени околините за следната Олимпијада). На пример, ако таму се користеле FreePascal и CodeBlocks, и кај нас да ги користиме тие. Со една реченица, да се внимава на околините.

10. Во живо да се гледа тестирањето на решенијата. Ова мислам дека ќе биде интересно и за натпреварувачите и за менторите. Еве како би тоа изгледало - http://www.youtube.com/watch?v=hQo-PGAPiNE.

This message was edited 3 times. Last update was at 22/07/2010 21:10:43

Filipbitola



Joined: 19/03/2010 15:33:18
Messages: 32
Offline

Ако бројот на пријавени училишта е помал од Х тогаш return -1;
Не знам, сепак не ми се допаѓа идејата. Не дека сакам медалите да се делат на 2 училишта(треба разновидност) ама за ова ќе треба повеќе време. Мислам дека не е можно да се изврши до наредната година, а со ставање лимит на бројот на училишта, не ми звучи како нешто што би привлекло повеќе натпреварувачи
nikola3103


[Avatar]

Joined: 25/12/2009 16:09:56
Messages: 184
Offline

Za ova poslednoto so youtube linot mn mi izglea interesno super ke bide ako go napravite taka. I aj iste malce da se doiskazam za brojot na limitiranje na ucenici od isti ucilista. Toa ne ni treba. Znaci i bez da se limitira brojot na regionalen zadacite se premnogu lesni (barem vo pocetnicka grupa) pa idnite natprevaruvaci ili od drugite ucilista ke dobijat sansa tamu. Plus toa sto ke dobieme deka mesto nekoj od ova skolo ke vleze nekoj od ona? Da imase dobri ucenici od drugite ucilista tie ke ucestvuvaa i do sega. A za od drugi nacionalnostri ucenici ne treba niso posebno da se prevzema tuku kako sto kazav po edno flaece vo sekoja gimnazija so osnovnite podatoci i strana na internet za podetalni informacii ili nastavnicite po informatika neka im go procitaat na cas. Taka barem site ke bidat zapoznaeni deka psotoi takov natprevar. (Ja do lani do fevruari ne znaev deka ima, da ne mi akzese vasja) zatoa vikam nema nikakva reklama an toa treba da se poraboti za da se zgolemi brojot na ucenicite od drugite skoli a ne da se limitiraat od nasite dve skoli. Da e vo mk kako vo srbija da se uci programiranje uste od 1va godina ke ima i te kako mnogu ucenici ama retko nekoj sednuva saminicijativno da uci neso a plus i programiranjeto ne e bash lesna rabota (treba da ti faka glavata bar malku od malku ) aj se nadevam deka me sfativte sto sakav da kazam
jovank



Joined: 01/01/2010 16:17:42
Messages: 127
Offline

сто е со реферативе бе? се зезам и мене последната идеја не ми се свиѓа, а до фичо за првиот предлог: треба да отидеш запомни ме, затоа што за 10 минути обично поминува една сесија и страната ќе рачуна ко да не си се логирал а за околините, зошто не ги ставиме сите, и Dev C++ и Code Blocks и Free Pascal и Turbo Pascal? и ми се свиѓа ова за девојчињата
[MSN]
Patriot


[Avatar]

Joined: 07/12/2009 14:51:49
Messages: 13
Offline

Најважно според мене и нешто што претставуваше проблем оваа година е нефлексибилноста со времето на одржување на натпреварите, мислам дека треба сите учесници да бидат ислушани и да се одбере датум кој ќе му одговара на мнозинството.

Што се однесува до предлозите на Бојан:

1. Да подобро би било порано да почнат и порано да завршат.

2. Не само на електронските на сите натпревари би било подобро да има само една група.

3. И колку натпревари ќе има и кога точно ќе бидат.

4. Не ми пречи.

5. Добра идеја.

6. Е ако де, нека се лажат дека се добри.

7. Корисно.

8. Делумно сум против ова, нека има ограничување по градови, по училишта и по националности не и несмее да има. Нека се примени ова на вклучување на македонци од Егејска, Пиринска и Албанска Македонија.
nikola3103


[Avatar]

Joined: 25/12/2009 16:09:56
Messages: 184
Offline

Inace albanska makedonija se vika mala prespa
Patriot


[Avatar]

Joined: 07/12/2009 14:51:49
Messages: 13
Offline

Да ама така го пишав бидејќи има два региони: Мала Преспа и Голо Брдо.

This message was edited 2 times. Last update was at 11/06/2010 12:31:27

 
Forum Index » Општа дискусија
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team