[Logo] Mendo Judge Discussion Board - Forums
  [Search] Search   [Recent Topics] Recent Topics   [Hottest Topics] Hottest Topics   [Members]  Member Listing   [Groups] Back to home page 
Водич во натпреварите  XML
Forum Index » Општа дискусија
Author Message
MOI



Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline

Во делот вики објавивме еден документ (линк тука) кој би требало да претставува еден вид водич во натпреварите за оние кои што првпат ќе дојдат на системот.

Па, пред да објавам линк до документот на почетната страница на системот, би ве замолил за вашето мислење за содржината на документот (дали ви се допаѓа или не, што мислите дека треба да се додаде/избрише/промени).
bedzo



Joined: 18/01/2011 02:05:03
Messages: 234
Offline

Прочитав.. Се е супер, но мислам дека треба да направите и првото место/а од почетничка да одат на олимпијада.
Глорија



Joined: 19/02/2011 23:37:29
Messages: 12
Offline

А нели може ние од почетничка да учествуваме на државен и сл?
MOI



Joined: 07/07/2010 16:31:48
Messages: 447
Offline

bedzo wrote:Прочитав.. Се е супер, но мислам дека треба да направите и првото место/а од почетничка да одат на олимпијада.

Оние кои што сметаат дека можат да решаваат задачи од МОИ треба да одберат основна или напредна група. Во правилата пишува дека почетничка група се "ученици кои за прв пат учествуваат на натпреварите, сеуште имаат мали познавања од програмирање и се основно училиште или прва или втора година средно училиште".

Можеш да направиш споредба на задачите од регионален или државен натпревар за почетничка група (објавени во делот тренинг) со задачите од МОИ, ќе видиш дека има голема разлика.


Глорија wrote:А нели може ние од почетничка да учествуваме на државен и сл?

Според објавената агенда, регионалниот и државниот натпревар за почетничка група ќе се одржуваат во термини различни од термините на регионалниот и државниот натпревар за основна и напредна група.

Значи, ќе има државен натпревар, но тој ќе се одржи во посебен термин (календарот е објавен на почетната страница на системот, еве и директен линк). Освен терминот, нема некои поголеми промени во однос на минатиот циклус - секоја група (почетничка, основна, напредна) се натпреварува независно (различни задачи и рангирање).

This message was edited 1 time. Last update was at 02/03/2011 00:42:38

Глорија



Joined: 19/02/2011 23:37:29
Messages: 12
Offline

MOI wrote:
bedzo wrote:Прочитав.. Се е супер, но мислам дека треба да направите и првото место/а од почетничка да одат на олимпијада.

Оние кои што сметаат дека можат да решаваат задачи од МОИ треба да одберат основна или напредна група. Во правилата пишува дека почетничка група се "ученици кои за прв пат учествуваат на натпреварите, сеуште имаат мали познавања од програмирање и се основно училиште или прва или втора година средно училиште".

Можеш да направиш споредба на задачите од регионален или државен натпревар за почетничка група (објавени во делот тренинг) со задачите од МОИ, ќе видиш дека има голема разлика.


Глорија wrote:А нели може ние од почетничка да учествуваме на државен и сл?

Според објавената агенда, регионалниот и државниот натпревар за почетничка група ќе се одржуваат во термини различни од термините на регионалниот и државниот натпревар за основна и напредна група.

Значи, ќе има државен натпревар, но тој ќе се одржи во посебен термин (календарот е објавен на почетната страница на системот, еве и директен линк). Освен терминот, нема некои поголеми промени во однос на минатиот циклус - секоја група (почетничка, основна, напредна) се натпреварува независно (различни задачи и рангирање).

E тоа ми беше прашањето,дали од почетничка ке учествуваме на државен.
Разбирам дека ке се рангират резултатите по групата,не може сите групи наеднаш да ги ставеш и за математика на пример има од 5то до 8мо и од 1ва до 4та и за сите различни задачи и различно рангирање
 
Forum Index » Општа дискусија
Go to:   
Powered by JForum 2.1.8 © JForum Team